Зелка со ребра
Состојки:
– 1 главица зелка ,800 г шпиц ребра, 3 моркови, 1 лажичка сушен босилек, по вкус сушен растителен зачин, 3 листови лавор, 1 свежо пиперчиња, 1 филџан пасирани домати, 2 лажици црвен пипер. сол по вкус
Приготвување:
Зелката исечкајте на крупно, а морковот на кругчиња. Земете поголем сад и на дното ставете масло. Додајте половина од сечканата зелка и морковите, над него ставете парчиња ребра. Посипете со сол и зачини. Додајте лаворов лист и сув босилек. Потоа ставете ја втората половина од зелка, моркови и месо. Зачинете со остатокот од зачини, посипете со црвен пипер и ставете ги пиперчињата. Полејте со пасираните домати, налејте вода, колку да ја прекрие смесата и ставете да се крчка на среден оган, додека омекне месото. Повремено промешувајте со лажица. Послужете со сезонска салата.