Избегнете ја брачната монотонија
Искреноста, честото разменување нежности и малите ритуали се ситници со чија помош можете да ја избегнете монотонијата во бракот или врската. Постојат љубовни двојки кои постојано “емитуваат“ љубовни бранови и заедничкиот живот никогаш не им здосадува. Ако се прашувате во што е нивната тајна и како да ја сочувате „магијата во бракот или врската“ еве што советуваат психолозите:
Ритуали
Одењето во вашиот омилен ресторан, неделно пазарење во маркет или вечерна прошетка нека стане само ваш ритуал. Без разлика колку брзо живеете, редовните заеднички активности ќе ви помогнат да го сочувате чувството на заедништво и ќе ви обезбедат време кое ќе си го посветите еден на друг. Одредете ден за кино и слатки изненадувања.
Искреност
Стабилната врска, освен љубовта, подразбира пријателство, почитување и искреност. Ако некој гест на саканата личност не ви се допаднал, кажете го тоа без двоумење. Не штедете комплименти кога нешто нема да ви се допадне, пофалете ја новата фризура, облека или јадење подготвено само за вас. Повремено приредете изненадување и покажете колку ви значи.
Mагијата на бакнежот
За почеток на врската карактеристични се долгите, страстни бакнежи. Не го менувајте однесувањето, продолжете и подоцна така да се бакнувате. Тоа асоцира на романтика и ја оживува страста. Измислете стил на бакнување кој ќе биде само ваш.