Северина го изгуби судскиот спор со поранешниот сопруг – одземен ѝ е синот
При тоа не ја навела адресата на која ќе живее детето. Инаку Милан за седумгодшното момче веќе два пати вадел српски пасош, за кој Северина тврди дека никогаш не побарал од нејзе дозвола и таа ангажирала адвокат да истражи под кои околности тоа е направено оти детето е државјанин на Хрватска.
Нејзиниот адвокат Мате Матиќ, завчера поднесе кривична пријава против Милан Поповиќ, за повреда на детските права. Имено по инцидентот во основното школо „Матија Губец“, каде учеше детето, наводно било трауматизирано откако било затворено во просторија, бидејќи татко му не дозволувал да го земе друга личност освен мајка му. Иако по препорака на лекар детето не требало да оди во школо, таткото сепак го носел, со што ги повредил неговите права и поради ова е тужен.
Оваа привремена мерка практично значи дека Северина треба да му го предаде детето на таткото уште денес, кој може да го однесе во Србија или на некоја друга адреса и да се грижи за него.
Нејзините застапници оваа одлука се обидуваат да ја оспорат, со оглед дека против Милан е поднесена пријава за повреда на детските права.
Ваквата судска одлука потресената Северина кратко ја прокоментирала:
– Не знам што да кажам. Не го очекував ова поради тоа што е преседан во судските постапки.