• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Бременост Сакам бебе

Емотивните фази на една трудница

by РиД 28/11/2019 0 Comment
 Емотивните фази на една трудница

Иако бременоста отсекогаш се сметала за еден прекрасен период во кој сè е убаво, розово и позитивно, сепак постојат и мигови кои ја покажуваат поинаквата слика. Имено не е реткост во овој период трудниците да чувствуваат стравови во врска со бебето, своето здравје, одговорноста која ги oчекува, но и поради проените во животот со партнерот. Освен тоа се појавуваат и некои необични желби, кои за идната мајка се приоритетни.  Како минува бременоста, трудницата го менува и расположението – некогаш е еуфорична, а некогаш депресивна, загрижена….

Прво тромесечие

Посебните желби за одреден вид храна знаат да се навистина чудни, така што уште непотврдено од лекар, ако на пример среде зима побарате јагоди или кисели краставички на полноќ, некој може да ви го постави прашањето „дали сте бремена?“. Тоа се промени во вкусот кои ги носи бремеоста. Кај жените кои имат проблеми со мачнини и повраќање, се јавува одбивност кон храната, бидејќи и самата помисла на некој продукт (дури и ако порано била омилена) предизвикува непријатност. Но ова се менува со влегување во второто тромесечие.
Покрај ова, трудницата често има и различно расположение во врска со бременоста. Од една страна се среќна со новиот живот кој расте во нивното тело, а од друга страна е загрижена поради новата организација на животот, финансиската ситуација, односите со партнерот и пријателите и тн. Поради овие емоции жените чувствуваат страв, а често и вина. Но тоа е нормален процес на прилагодување на бременоста.

Второ тромесечие

Ова е најубавиот период во бременоста, кога конечно престануваат мачнините и други тегоби. Жената полека се прилагодува на новата состојба и улогата која ја очекува. Во овој период прв пат ќе ги почувствувате движењата на бебето, што позитивно ќе влијае на вашето расположение. Всушност тогаш станувате свесни дека носите живо суштество во себе, а не имагинарен фетус, кој ви изгледа чудно на фотографиите од ехо прегледите. Вашиот стомак полека се зголемува, но сè уште ја нема достигнато величината која ќе ви ги отежне движењето и ќе ве прави тешка и тромава. Уживајте најмногу во овој период од бременоста, бидејќи ќе ви треба сила за она што ве очекува.

Трето тромесечие
Последните месеци од бременоста на некои жени им носат нова емоционална нестабилност. Можат да се појават замор и раздразливост. Се мешаат неизвесност и грижа за породувањето. Последните денови на чекање за некои жени минуваат мирно, а други добиваат неодолива потреба за “големо“ средување на домот. Но наскоро ќе дојде денот кога сè ќе се реши и потоа ќе уживате во мајчинството.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 396

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат со редовна физичка активност

12:47 20 Nov 2023

Како правилно се полнат тестенините

12:35 20 Nov 2023

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете вистинскиот парфем

12:17 20 Nov 2023

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2025. All Right Reserved