• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Колку долго треба да чекате за да забремените, по царскиот

Дали децата родени по ИВФ се здрави како децата зачнати

Пилатес топка – најдобриот помошник на трудниците

Топ 5 прегледи за секоја жена

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Убавина

Изберете ја вистинската пудра за вашата кожа

by РиД 24/11/2019 0 Comment
 Изберете ја вистинската пудра за вашата кожа

За да ви изгледа убаво шминката, и долго да трае важен е изборот на пудра. Пред да ја изберете треба да одредите која формула е за вас. Ако на пример имате мрсна кожа со акни и митесери, за вас се безмасни пудри со матирачки ефект. Ако пак имате сува и дехидрирана кожа за вас идеална е пудра со хидрирачки и навлажнувачки својства.

– Стара кожа  – кога имате брчки, видливи вени и дамки по лицето, иако инстиктивно сакате да ги покриете со густа и тешка пудра со силна покривачка моќ, тоа не е најдобро решение, бидејќи таквата пудра ќе ги истакне брчките. Затоа добро е да изберете пудра со средно покривачка моќ, која ја хидрира кожата и го воедначува тенот. Не бирајте мат пудра, туку некоја со ситни рефлектирачки честички која ќе му даде свежина и блескавост на лицето.

– Сува кожа – тонираната крема со слаба покривна моќ или некоја течна пудра со хидрирачки својства. Пудра во прав или камена не се препорачливи за оваа кожа, бидејќи можат дополнително да ја исушат. Матирачката пудра на сувата кожа изгледа лошо, бидејќи ја прави безживотна и исушена.

– Мрсна кожа – задолжително изберете пудра без масло, со силна или слабо покривна моќ, зависно какво покривање е потребно за вашата кожа. Ако сакате да спречите да ви свети кожата, изберете пудра во прав, односно камена, која ќе ја нанесете преку течната.

– Проблематична кожа – кожата која е склона на акни и митесери има потреба од безмасна пудра, со уште една назнака „non comedogenic“ односно пудра која не ги затвора порите и не предизвикува нови акни, воедно ги суши старите.

 Неколку важни факти

– Не бирајте пудра само затоа што ѝ  одговара на вашата пријателка или сестра, туку само според вашиот тип на кожа.
– Нанесувајте во многу мала количина – тенок слој.
– Најлесен начин за нанесување пудра и за зголемување на покривачката моќ е ако нанесете уште еден слој преку претходниот, по потреба.
– Пудрите со минерални масла не се добри за било која кожа.
– Пудрите со алкохол ја сушат кожата, па затоа избегнувајте ја ако кожата ви е сува, или некои нејзини делови се дехидрирани.
– Во последно време се повеќе има пудри кои содржат одреден процент силикон, што помага да се размачка пудрата полесно, да се пополнат порите, да се изедначи тенот. Ако сте алергични на оваа состојка, избегнувајте вакви пудри.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 509

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Колку долго треба да чекате за да забремените, по царскиот рез

20:15 16 Mar 2026

Дали децата родени по ИВФ се здрави како децата зачнати природно: Што навистина вели науката

01:02 14 Mar 2026

Пилатес топка – најдобриот помошник на трудниците

00:10 14 Mar 2026

Топ 5 прегледи за секоја жена

22:24 13 Mar 2026

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2026. All Right Reserved