Ослободете се од акните со природни препарати
Акните никогаш не се пријатен призор, особено ако ве очекува некој важен состанок. Не ги чепкајте за да не ги воспалите, туку искористете некој од следните трикови:
– Ставете мала количина паста за заби дирекно на акните и оставет да делува преку ноќ. Пастата ќе ги исуши акните и ќе го забрза исчезнувањето.
– Држете коцки мраз на акните три пати дневно по неколку минути. Тоа ги намалува порите и го смирува воспалението кое е причина за појава на акни.
– Медот како природен антибиотик помага против акните ако го нанесете со памучен туфер на критичните подрачја. По 30 минути измијте се со млака вода.
– Лимоновиот сок е богат со витамин Ц и има адстригено својство, така што ги суши акните. Нанесете го памукче на акните и оставете да делува преку ноќ.
-Лукот е одличен природен лек против акни. Со исечено чешне лук протријте ги акните и после 5 минути измијте се со топла вода. Ќе постигнете неверојатни резултати. Секако ова не го практикувајте пред да излезете некаде, оти мирисот од лук потешко исчезнува.