• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Забременување Сакам бебе

Секундарниот стерилитет е подеднакво стресен и проблематичен како примарниот

by РиД 10/11/2019 0 Comment
 Секундарниот стерилитет е подеднакво стресен и проблематичен како примарниот

Секундарната неплодност е неможност да се забремени иако двојката веќе има едно или повеќе деца заедно (или со друг партнер). Паровите кои ја доживуваат оваа состојба може да се соочат со низа физички и емоционални фрустрации, и покрај фактот дека во минатото немале проблем со репродукцијата.

Најчестите причини за оваа состојба се проблеми со плодноста кај едниот или двајцата партнери. На пример жената може да развие ендометриоза (една од најчестите причини за секундарна неплодност), неправилна овулација или болест на јајцеводите. Или мажот можеби имал пад на концентрацијата и подвижноста на спермата. Други фактори се – возраста (дури пет години може да направат голема разлика во циклусот на плодност кај жената и бројот на сперматозоидите на мажот), тешко претходно породување, стрес -што може да влијае на овулацијата и производството на сперма.

Паровите кои веќе имале нормална претходна забременување и бременост, честопати веруваат дека имаат „нормална“ плодност, но тоа не е секогаш случај. Поради тоа тие треба веднаш штом почувствуваат дека имаат проблеми со зачнување, да направат целосен преглед.

Секундарната неплодност е емотивно тешка, особено за парови кои претходно лесно и брзо забремениле. Додека оние кои веќе имале проблеми со плодноста, се вознемирени од потребата по втор пат да се помине истиот пат за да се добие принова. Не се ретки ни случаите кога идните родители чувствуваат вина што порано не почнале да се обидуваат за второ дете, а годините им минуваат. Тука се и пријателите и членовите на семејството, кои иако со најдобри намери, не знаејќи, поставуваат прашања за тоа кога парот ќе роди второ бебе или зошто решиле да имаат само едно.  Не се ретки ни оние кои безчувстително ќе изјават „Имате среќа што имате едно дете“ или „Само опуштете се. Тоа ќе се случи со тек на време“.
Родителите кои веќе имаат мало дете, можат да се најдат и пред дилемата дали да се почне макотрпен процес на испитувања и лекувања, кога веќе имаат за кого да се грижат.

Да се справите со оваа состојба не е лесно. Паровите кои немаат деца,  можеби ќе избегнуваат детски родендени, семејни собирања и други забави на кои главни се децата, со цел да се заштитат себеси од болката која ја носат. Но паровите кои имаат деца, можат да се најдат опкружени со многудетни семејства, мајки кои се бремени или дојат и да бидат на мета на непријатни прашања, а сето тоа да им ја отежне ситуацијата. Како и сите парови кои се обидуваат да имаат дете, без разлика дали е прво или второ, паровите кои се борат со секундарен стерилитет исто така имаат потреба од емпатија, разбирање и поддршка од семејството и блиските пријатели, без многу „солење памет“.
Некои парови со тек на време успеваат да забременат, или пак да го зголемат семејството со посвојување, а некои се решаваат да го прифатат своето семејство такво какво што е.
Во секој случај, секундарната неплодност може да предизвика стрес, тага, фрустрација и болка. Ако вие и вашиот сопружник (или некој што го познавате) се соочувате со оваа состојба, важно е да научите сè што можете преку советувања со стручни лица и валидни медицински извори и да ја најдете поддршката која ви е потребна во тие мигови и ќе ви помогне да донесете соодветни одлуки.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 513

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат со редовна физичка активност

12:47 20 Nov 2023

Како правилно се полнат тестенините

12:35 20 Nov 2023

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете вистинскиот парфем

12:17 20 Nov 2023

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2025. All Right Reserved