Знаете дека тестовите за бременост можат да покажат лажен резултат?
Професорката Ен Гроновски со години се занимава со истражувања и објаснува зошто тестовите покажуваат лажни резултати. И покрај моќните маркетиншки убедувања дека домашните тестови се 99% точни, истражувањата покажуваат дека до 5% негативни резултати се лажни.
Производителите на домашни тестови за бременост објаснуваат дека тестовите во првата недела или две по зачнувањето можат да бидат неточни, бидејќи хормоните на бременоста можеби не се доволни силни за да се открие.
Но, Ен Гроновски, професорка на Медицинскиот факултет од Универзитетот во Вашингтом oткри дека тестовите за бременост исто така можат да дадат неточни резултати кај жени кои се во поодмината бременост, кога нивоата на хормоните се високи. Таа својот прв труд го објави во 2009 година и отогаш се занимава со оваа тема.
Неодамна објави и нов труд објавен во осписанието „Клиничка хемија“ во кој објаснува зошто тестовите даваат лажни резултати.
„Овие тестови го откриваат нивото на вредност на бета ХЦГ во примерок од урина. Едно антитело го “лови“ хормонот во урината, а друго служи како сигнал. Бојата на тестот се гледа кога ќе се открие соодветен хормон. Тоа е втората сина или розова линија, која ја гледате на тестот, и покажува позитивен резултат (првата е за доказ дека тестот е во ред). Но деградираниот облик на хормон исто така може да се најде во уринагта, а кај некои тестови првото антитело се врзува токму за таков хормон и да добиете негативен резултат“ – објаснува таа.