Кој ден од неделата за што е поволен?
Денот кога најбрзо и најлесно се зачнува е сабота. Ова го утврдиле психолозите и медицинските лица, а британскиот весник „Телеграф“ објавил статија за студијата.
Експертите дошле до овој заклучок откако ги испитале и анализирале расположенијата на сопственици, читатели и учесници во дискусии на 2,4 милиони блогови и веб-страници низ целиот свет.
Исто така, според истражувањето, понеделник е денот кој е најуспешен за инвестиции. Иако кај нас постои суеверие дека ако дадете пари на првиот ден од неделата, ќе ви оди на трошење во текот на целата недела.
Вторник е ден кога луѓето ретко имаат секс. Среда е успешна за да побарате зголемување на платата од вашите работодавци. Сепак, овој ден е лош за возење автомобил.
Во четвртокот, повеќето луѓе се откажале од пушење, а петок е ден кога отпуштените луѓе најлесно го прифаќаат своето разрешување.
Неделата е одлична за дружење, но не и за готвење.