• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Убавина

До подобар тен со поинаква исхрана

by РиД 26/02/2011 0 Comment
 До подобар тен со поинаква исхрана

Многу жени трошат големи суми пари на скапи креми кои ветуваат намалување на брчките за кусо време и младешки изглед, а при тоа забораваат дека негуваниот и здрав изглед почнува одвнатре, а за тоа најдобар начин е да се збогати исхраната со продукти кои содржат колаген. Колагенот е еден од најчестите протеини во нашето тело. Дури 25 – 30 проценти од сите протеини содржат колаген, а токму тој игра клучна улога во изгледот на нашата кожа. Тој е важна компонента во составот на долниот слој од кожата и е одговорен за одржување на младешки и измазнет изглед на кожата, без брчки. Со тек на годините нивото на колагенот се намалува и се појавуваат брчки на лицето, предизивкани од се помалата еластичност на кожата. Таа промена во просек се случува по 25та година од животот кога нашето тело произведува се помалку колаген.Наместо со купување разни козметички производи и надоместување на колагенот од надвор, брчките можете да ги измазните и да го нахраните телото со колаген од внатре, со бирање одредни намирници кои овозможуваат младешки изглед.

Тофу и соја

Периодот на менопауза и опаѓање на нивото на хормонот естроген се поврзани со помалата количина на колаген, а истражувањата покажуваат дека до 30 проценти од колагенот се губи на секои пет години по настапувањето на менопаузата. Со конзумирањето соја и тофу можете да надокнадите до 6% од колагенот за шест месеци. Сојата содржи фитоестроген кој има идентично дејство како и хормонот естроген, па ќе го поттикне производството на колаген и ќе помогне во одржувањето на младешкиот изглед во текот на годините.

Лосос

Лососот и другото рибино месо кое е богато со масти, како скуша, сардина и т.н., познато е како моќна храна за кожата поради високиот процент омега 3 масни киселни кои ги содржат. Американскиот дерматолог Николас Периконе ја препорачува токму оваа јрана за младешки изглед на кожата. Како што тврди, рибата може да помогне и при самата превенција, додека брчките и знаците на стареење не се видливи, бидејќи со конзумирањето овие продукти ја штитите и обезбедувате кожата со доволна количина колаген.

Мисиркино месо

Месото од мисирка е одличен извор на протеини, нужни за обезбедување со колаген, а покрај тоа содржат и протеин карносин. Овој протеин го успорува процесот на стареење на кожата, кој предизвикува намалување на колагенот, а резултат е значително поеластична кожа.

Спанаќ

Зеленчукот со темнозелени листови, како спанаќот, зелката, кељот се богати со антиоксиданс лутеин. Токму антиоксидансите се многу потребни, ако сакате да го одржите нивото на колаген доволно за младешки изглед, бидејќи ги неутрализира слободните радикали. Слободните радикали се непостојани хемиски производи создадени при телесните функции, но се предизвикани и со екстремни влијанија како УВ зраците. Со намалување на слободните радикали, го зголемвувате нивото на колаген.

Боровинки

Разното овошје во бобинки, како боровинките и јагодите, е преполно со витамин Ц, кој е една од клучните состојки за задржување на колагенот во организмот. Покрај тоа, витаминот Ц помага и во одржувањето на антиоксидансите во телото, а конечниот резултат е затегната и младешка кожа.Освен со консумација на овие намирници, избегнувањето на хранта полна со шеќери можете многу да сторите за својата кожа и тен. Шеќерот е непријател број еден кога станува збор за младешки изглед.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 586

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: ishrana kolagen ubavina изхрана колаген убавина
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат со редовна физичка активност

12:47 20 Nov 2023

Како правилно се полнат тестенините

12:35 20 Nov 2023

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете вистинскиот парфем

12:17 20 Nov 2023

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2025. All Right Reserved