Секое дете може да биде генијалец – генијалноста се учи!
Градиме пријателства, се забавуваме, учиме заедно, имаме храброст, се радуваме на успехот… ова се дел од пораките на малите генијалци кои се натпреваруваа и се забавуваа на шестиот Национален абакус натпревар што се одржа во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, во организација на интернационалната детска академија Brainobrain.
И навистина се генијалци! Колкумина од вас можат истовремено да танцуваат на музика и да пресметуваат напамет суми од по 10 или 20 едноцифрени или двоцифрени броеви? Или да рецитираат и да сметаат? Да играат со топка, да вежбаат гимнастика… и повторно да пресметуваат со извонредна точност и брзина? Дечињата од Brainobrain на забавен начин ги демонстрираа своите вештини, правејќи ги горди и своите родители и нивните лиценцирани учители.
Генијалноста се учи и секое дете може да биде генијалец – тоа е најважната порака! Со комбинирање на визулени, аудитивни и кинестетички методи (гледање, слушање и опипување) значително се подобруваат концентрацијата и меморијата, целосно се развива мозокот, а децата стануваат самоуверени и развиваат лидерски вештини.