• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Колку долго треба да чекате за да забремените, по царскиот

Дали децата родени по ИВФ се здрави како децата зачнати

Пилатес топка – најдобриот помошник на трудниците

Топ 5 прегледи за секоја жена

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Убавина

Модна колекција „Зрно“ за автентични дами

by РиД 28/09/2018 0 Comment
 Модна колекција „Зрно“ за автентични дами

Дизаjнерот и моден новинар Небојша Толески по подолга пауза се враќа на модната сцена со луксузна колекција во која централно место зазема рачниот вез.

Со колекцијата „Зрно“ инспирирана од мало зрно кристал, кое дизајнерот го пронашол на патување во Италија, деновиве го отвори своето ателје „Толески“.
– Воопшто не чекав долго за отварање на ателјето. Се случи кога требаше да се случи. После затворањето на списанието „Теа Модерна“ каде работев како моден новинар 12 години, разумно беше да отворам нешто свое. Додека бев во„Теа“ паралелно работев и на создавање креации, но сега просторот за изразување е многу поголем – вели Небојша.

Прозрачноста и уникатноста во прекршувањето и рефлекирањето на светлината карактеристични за кристалот се главната инспирација креаторот да создаде низа од кристали и да ги вметне во уникатни рачни везови, создавајќи автентични модни парчиња. Памукот, свилата, свилениот сатен и жоржетот се материјалите од кои се создадени креациите со смирени кроеви, строги линии и комфорност. Нивната вешта усогласеност дозволува тие да се носат на свечен настан но и за во град. Спојот на урбаното и етното е постигнат со суптилни пругасти дезени во одредени делови, надополнети со безброј кристали во различни форми. Колекцијата „Зрно“ е екстравагантна и на моменти смирена, но многу разиграна, славејќи го питомиот гламур.

– Оваа колекција е наменета за дами со екстравагантен поглед и визија за убавото. Годините не се битни. Впрочем и мотото на ателје „Толески„ е токму тоа – парче нова модна визија. Но мојата визија немаше да биде потполна ако фотографот Дарио Јанковиќ не ја доловеше суштината, заедно со манекенките Ирена Трпеска и Љубица Радовиќ, мејк ап артистката Марија Топалова и „Шевро“ – вели Небојша и додава дека во ателјето ќе изработува претежно уникатна облека, но и облека со посуптилен и поедноставен израз.
Во скора иднина најавува многу модни проекти, меѓу кои соработка со брендот „Фешн Леон“, со кој заедно ќе креираат облека и наскоро ќе ја лансираат заедничката колекција.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 527

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Колку долго треба да чекате за да забремените, по царскиот рез

20:15 16 Mar 2026

Дали децата родени по ИВФ се здрави како децата зачнати природно: Што навистина вели науката

01:02 14 Mar 2026

Пилатес топка – најдобриот помошник на трудниците

00:10 14 Mar 2026

Топ 5 прегледи за секоја жена

22:24 13 Mar 2026

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2026. All Right Reserved