Акција “One Made” – Подобар свет за самохраните мајки и нивните дечиња
Преостануваат уште само десет дена од ноемвриската понуда со специјален попуст за нарачка на новогодишни и празнични гифт боксови, изработени од единствената компанија за производство и продажба на високо квалитетна козметика од сертифицирани органски и јадливи суровини, „Една прави” е „ќерка” компанија на Граѓанската Организација „Една може!” – Скопје, единствена во работата за унапредување на правата на еднородителските семејства.
Со купување на козметичките гифт боксови на „Една прави” директно ја поддржувате мисијата на Една може!-подобар свет за самохраните мајки и нивните дечиња и ја стабилизирате одржливоста на единствената активна организација „Една може!“. Воедно активно допринесувате за зголемување на вработливоста на самохраните мајки во нашата компанија, и со тоа учествувате во креирањето на неприкосновено квалитетните органски, јадливи козметички производи од македонско потекло.
Еден козметички гифт бокс (универзален, машки, женски, детски clear box…) чини од 360 до 3500 денари, со можност заеднички да го креирате според вашите потреби. Само за празниците имате можност за бесплатно украсно пакување, со можност за персонализирани честитки.
За порачки кликнете на следниот линк „Една прави“