Пилатес топка – најдобриот помошник на трудниците
Ако размислувате за природно породување, ќе сакате да се обезбедите си сите потребни алатки кои можат да ви го олеснат целиот процес. Секако, ќе сакате да се образувате, да јадете здрава храна и да земате пренатални витамини. Но, ќе сакате да размислите и за тоа како вежбате и ја подготвувате вашата карлица за породување. Тука може да ви помогне пилатес-топката.
Зошто пилатес – топка?
Таа може:
– да помогне во балансирањето на лигаментите, тетивите и мускулите во карличната област, и да му помогне на бебето да се смести во оптимална положба
– да помогне во зајакнување на долниот дел од грбот
– да помогне во отворањето на карлицата
– да ја намали болката за време на породувањето
– да го зголеми протокот на крв во матката
– да ги ублажи болките во грбот во тек на породувањето
– да ја намали веројатноста за потреба од епидурална или царски рез
– да го намали стресот и вознемиреноста.
Помош за време на бременост
Пилатес-топката е одличен начин да го подготвите вашето тело за раѓање. Секој ден поминувајте малку време седејќи исправено на неа, на пример додека гледате телевизија. Седењето исправено помага во потпора и отворање на карлицата, олабавување на лигаментите и потпора на долниот дел од грбот.
Зошто едноставно да не седите исправено на стол?
Ако го правите ова на тврд стол, лесно е да почнете да се превиткувате или да се спуштате назад во столот бидејќи не е толку удобно! Топката е мека на задникот, но, ве принудува да седите исправено бидејќи немате потпора на грбот за да се потпрете. Со тоа што мора да останете балансирани, оваа топка за вежбање ги активира вашите карлични мускули, зајакнувајќи ги овие мускули за породување.
Кога вашето држење на телото е оптимално за време на бременоста, бебето може подобро да се смести во карлицата, што може да помогне породувањето да започне и оптимално да напредува.
Како да ја користите пилатес-топката
Не ја надувувајте до максимум, бидејќи тоа ја прави многу поудобна. Седнете на топката со стапалата поставени рамни на подот и раширете се за да формирате став во кој добро ќе ја држите топката.
Повлечете ги рамената назад и повлечете го долниот дел од стомакот малку навнатре. Можете да пробате да правите мали кругови со колковите за да ја истегнете карлицата. Алтернативно, можете да ја користите вашата топка за да ви помогне да вежбате чучњеви (најдобриот начин за отворање на карлицата и балансирање на телото).
Користете ја топката за раѓање на ѕидот како потпора. Подигнете ја топката така што ќе се потпира на средниот дел од грбот. Потоа тркалајте ја топката нагоре и надолу по ѕидот додека чучнувате. Ова е одлично за моменти кога партнерот не е тука да ви помогне.
Кога ќе почне породувањето користете ја топката за да ги нишате или кружите со колковите за време на контракциите. Наведнете се напред на топката за поддршка за време на контракциите или за одмор помеѓу нив.
Користење на пилатес-топката по породувањето
Во првите денови, кога бебето плаче и треба да го смирите, вашата топка може да ви биде спас. Многу мајки или татковци нежно отскокнуваат на неа за да го смират бебето.
Можете да ја користите и на биро наместо на стол во вашата домашна канцеларија (или дури и на работа). Исто така, можете да седите на неа навечер додека гледате телевизија.
И не заборавајте да ја користите за вежбање! Кога имате ново бебе во куќата, тешко е да се оди во теретана. Постојат многу вежби што можете да ги правите со неа. Некои од најдобрите за вежбање по породувањето се чучњеви, исчекори и сл.