Јогата е многу благотворна за вашето физичко и ментално здравје
За благодатите на јогата зборуваат инструкторите по јога, но и голем број жени кои ја практикуваат ова древна дисциплина на вежбање. Ова се само неколку од позитивните влијанија на јогата:
1. Го смирува дишењето, ритамот на срцето и притисокот
При вежбање јога вие го смирувате вашето тело и крвниот притисок преку вежби за правилно дишење. Ова најмногу се воочува кај луѓе кои имаат повеќе од 40 години и чувствуваат зуење во ушите или напнатост во главата. Генерално, голем број луѓе имаат краток здив и телото не добива доволна количина кислород. Со зголемениот секојдневен стрес доаѓа до бројни пореметувања во телото кои можат да се превенираат со редовни јога тренинзи.
2. Ги намалува паничните напади
Со помош на јогата може да го смирите вашето тело и да ги фокусирате мислите на позитивната сегашност, а не на неизвесната иднина. Инструкторите по јога наведуваат дека за панични напади се стручни психотерапевтите, но секако јогата е од голема помош за истите да се намалат.
3. Ја засилува волјата за живот
Во текот на часот по јога, тело тое во положба која им одговара на внатрешните органи и мускулите, иако на почетокот може да се чувствувате непријатно. Во текот на часот учите како да ја прифатите таа непријатност, а со тоа ја зајакнувате менталната енергија. При тоа учите како достојно да се носите со животните неприлики, да ги прифатите и решите на мирен начин. Станувате свесни за своето тело, неговата сила, но и за силата на нашиот ум и самодоверба.
4. Часовите по јога ја поттикнуваат креативноста
Во текот на овие часови ќе ги смирите своите мисли, со што ќе добиете креативни решенија за моменталните проблеми. Доколку се бавите со креативна работа, како пишување, сликање или уметност, јогата дополнително ќе ве поттикне и ќе заминете дома со нови идеи.