• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Колку долго треба да чекате за да забремените, по царскиот

Дали децата родени по ИВФ се здрави како децата зачнати

Пилатес топка – најдобриот помошник на трудниците

Топ 5 прегледи за секоја жена

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Забременување Сакам бебе

Рак на јајчници – не ги игнорирајте малите симптоми

by РиД 23/04/2023 0 Comment
 Рак на јајчници – не ги игнорирајте малите симптоми
фото:pexels

Жените често ја игнорираат непријатната болка во пределот на стомакот или карлицата или овие симптоми ги поврзуваат со менструални, вознемирен стомак и слично. Но, кога станува збор за рак на јајчниците, тие мали грчеви понекогаш се единствени предупредувања.

Јајчниците се два органи со овална форма, во кои се создаваат и при овулација се ослободуваат јајце- клетките. Тие се поврзани преку јајцеводите со матката, а големината варира од приближно три сантиметри за време на репродуктивните години, до помалку од два сантиметри во менопаузата. Ракот на овие органи се јавува кога абнормални клетки растат неконтролирано, што е пропратено  со симптоми кои не исчезнуваат иако го менувате начинот на живот, односно ако ја смените исхраната, почнете да вежбате или повеќе одморате. Некои вообичаени симптоми се:

– Надуеност и зголемен абдоминален обем

– Карлична или абдоминална болка или притисок што не се повлекува по менструацијата

– Намален апетит или брзо чувство на ситост

– Уринарни симптоми како што се итност или зачестеност

– Менструални промени или абнормално крварење

– Промена во навиките на дебелото црево или наизменична дијареа и запек

– Болка за време на секс

Ако постојано чувствувате еден или повеќе од овие симптоми, треба да закажете преглед кај  вашиот гинеколог. Препознавањето на знаците за рак на јајчниците може да биде тешко, но свесноста за факторите на ризик може да биде првиот чекор во откривање на оваа болест. Фактори на ризик за рак на јајниците вклучуваат:

– Ризикот од рак на јајчниците се зголемува со возраста. Најчест кај жените 50-65 години, но може да се дијагностицира и кај помлади жени.

– Жените кои никогаш не забремениле имаат поголем ризик од заболување.

– Жените кои користат орални контрацептивни средства имаат помал ризик од рак на јајчниците – при што придобивките се забележуваат по само 3-6 месеци употреба. Апчето за контрацепција ја инхибира овулацијата што е заштитен механизам.

– Семејната историја за заболување од рак на јајчниците, дојката или матката, особено кај роднините од прв степен (родители, браќа и сестри) или низ многу генерации може да го зголеми ризикот.

– Жените кои имаат вишок телесна тежина имаат поголем ризик да заболат од рак на јајчниците.

Сепак секоја жена најдобро го познава своето тело – само треба да го следите својот инстинкт и ако се посомневате во нешто, да поразговарате со својот гинеколог.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 1,131

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: гинеколог јајчници преглед рак
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Колку долго треба да чекате за да забремените, по царскиот рез

20:15 16 Mar 2026

Дали децата родени по ИВФ се здрави како децата зачнати природно: Што навистина вели науката

01:02 14 Mar 2026

Пилатес топка – најдобриот помошник на трудниците

00:10 14 Mar 2026

Топ 5 прегледи за секоја жена

22:24 13 Mar 2026

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2026. All Right Reserved