Oрганизираjте детска роденденска забава со мал буџет
Во последните неколку години, родителите чувствуваат голем притисок кога станува збор за организирање детски роденденски забави.
Најголемо влијание за ова има новиот тренд со организирање раскошни роденденски забави за кои се трошат илјадници денари, а го промовираат славните личности како Кајли Џенер и Џесика Симпсон.
Според една студија од седум до десет родители признале дека социјалните мрежи и познатите личности влијаеле на нив да органзираат визуелно импресивни забави за своите деца.
Но, организирањето на прекрасна роденденска забава не мора да значи и блокирање на банкарската сметка. Со неколку едноставни трикови можете да организирате незаборавни детски родендени, без голем трошок.
Родендените се случуваат секоја година и затоа од почетокот е добро да инвестирате во залихи и украси за повеќекратна употреба од самиот почеток.
Работите како што се маси на расклопување, пластични столчиња, летниковци кои се поставуваат како шатори освен за забави, можат да се користат и за семејни излети, одење на плажа или за кампување.
Друга работа која можете да ја направите е да придонесете во домашниот буџет, ако ги огласите вашите маси, столови и украси, како производи за изнајмување. Понудете им на соседите да им ги изнајмите вашите предмети за нивните забави.
Купете украси и прибор за јадење за повеќекратна употреба. Ова може да биде сè, почнувајќи од банерот „Среќен роденден“, украсни фенери со свеќи, па сè до платнените бели покривки за маса и сталакот за торта.
Ова важи и за чиниите и приборот за јадење. Купувањето чинии и прибор за јадење за еднократна употреба може да изгледа како лесна опција, но, значително го намалува буџетот.
.А, во врска со забавните активности за тој ден, ако навистина сакате да заштедите, паметна идеја е„филмска вечер“ како забава за која треба само да притиснете „play“ на филмот што децата го сакаат. Други активности кои не бараат големи трошоци се домашна диско забава, вечер со класични игри како што се музичко столче, маскенбал и др., кои се хит кај малите деца или забава покрај семејниот гумен базен.