Следење овулација при нерегуларен циклус
Ако сте убедени дека при нерегуларен циклус не е можно да одредите кога имате овулација, тогаш сте во заблуда. Иако ваквите циклуси навистина се проблематични за да се следи перидот кога може да се забремени, сепак е можно.
Забележувајте го точниот датум на вашиот циклус иако е нерегуларен. Тоа е добро од неколку причини. Прво може да забележите неколку клучни моменти кои ќе ви укажат дека постои шема според која кај вас се одвива овулацијата. Второ ако имате проблем со забременувањето, податоците од вашата шема ќе бидат значајни за вашиот лекар.
Цервикалниот мукус се менува во тек на овулацијата. Во првите неколку дена од менструалниот циклус тој е сув, а потоа почнува да се зголемува неговата количина. Како ќе наближувате до овулацијата, тој станува побистар, леплив, растеглив и чист. Многу жени ја споредуваат неговата конзистенција со онаа на белка од јајце.
Базаланата телесна температура на телото се менува во тек на месецот. Ако сте во овулација таа е највисока и останува неколку дена на таа висина, а потоа опаѓа. Така може да откриете кога овулирате.