• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Дом

Корисни трикови за подолго да трае цвеќето во вазна

by РиД 06/05/2022 0 Comment
 Корисни трикови за подолго да трае цвеќето во вазна
фото:pixabay

Букет свежо цвеќе е најлесниот и најубавиот начин да го декорирате вашиот ентериер во пролет. За да уживате што подолго во убавината на прекрасниот букет кој ја краси вашата трпеза, предлагаме да ги пробате овие методи кои ги користат во цвеќарниците.

Отстранете ги непотребните листови

Започнете да го редите букетот со отстранување на листовите на дното на стеблото. Сепак, не ги отстранувајте сите – добро е да оставите неколку листови одозгора за целиот аранжман да изгледа што поприродно. Ова се однесува и на розите и на лалињата.

Задолжително потсечете ги краевите на стеблата

Методот е можеби веќе виден – но ретко кој знае како да го направи тоа правилно! Најдобро е да ги исечете краевите на цвеќето под агол со нож или ножици, кои имаат многу остро сечило.

Натопете ги стеблата во топла вода за да останат свежи подолго

Растенијата со дрвенести стебла (како розите) ќе останат свежи подолго ако, освен што ќе ги исечете врвовите, некое време ги потопите во топла вода. Ова ќе им помогне да апсорбираат повеќе вода додека стојат во вазна. Потопувањето на стеблото во топла вода исто така ќе помогне да се освежат розите кои извесно време стојат во вазна. Пред да ги потопите, треба да ги исечете краевите и да додадете малку шеќер во водата.

фото:pixabay

Прободете го стеблото

Овој метод е добар за лалиња или гербери. Со нежно боцкање на стеблото, го отстранувате воздушниот чеп што се формира на неговиот крај и го блокира протокот на вода.

Брзо освежување

Ако лалињата ја изгубиле цврстината, едноставно завиткајте ги во чиста хартија, ставете ги во вода и оставете ги на ладно место. Брзо ќе ја вратат свежината. Кога ќе ги „обесат“ цветовите надолу, ставете ги некое време  под вклучена светилка – повторно ќе се освежат. Розите брзо закрепнуваат со потопување во многу ладна вода неколку минути.

Лалињата сакаат шеќер

Малку шеќер додаден во водата не само што ќе го продолжи животот на лалето, туку и на нарцисите и ирисите. За возврат, розите сакаат четвртина аспирин, а за камелија и гарденија се препорачува сол.

Малку сулфур

Овој трик ќе ги одржува вашите гербери во добра состојба подолго време. Доволно е да се вметнете кибритче  на крајот од стеблото, со сулфурот свртен нагоре.

фото: pixabay

Не премногу вода

Лалињата и нарцисите сакаат кога нема многу вода во вазна. Во спротивно цвеќето брзо ќе скапува.

Не мешајте лалиња со други цвеќиња

Лалињата дефинитивно не сакаат друштво. Најдобро се чувствуваат сами во вазна, па не вреди да се мешаат со други видови цвеќиња. Ако направите букет од нарциси и лалиња во една вазна, може побрзо да ја изгубат свежината.

Купете цвеќиња во пупки

Последно, но не и најмалку важно – ова едноставно правило вреди да се запамети! Иако на прв поглед развиените цвеќиња изгледаат попривлечни – оние во пупките ќе останат во вазна многу подолго.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 971

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: вазна лале рози цвеќе
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат со редовна физичка активност

12:47 20 Nov 2023

Како правилно се полнат тестенините

12:35 20 Nov 2023

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете вистинскиот парфем

12:17 20 Nov 2023

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2025. All Right Reserved