Започнува сезоната на петуниите: еве што да направите за да цветаат раскошно
Петуниите може да се одгледуваат од семе, но со садници тоа е многу полесен и поефикасен процес. Ги има во различни бои и за кратко време може да го направат вашиот двор како од бајките. И што е најважно, тие се многу благодарни за одржување!
Цветаат во текот на пролетта и летото, па дури и во есен, што се обезбедува со редовно сечење на исушените цветови.
Овие цвеќиња го сакаат сонцето, но ќе успеат ако ги ставите на полусончево место, по можност на источната или западната страна. Задолжително избегнувајте ја северната страна.
Можeте да ги засадите дирекно во земја, или пак во висечки саксии, а цветовите им се од еднобојни до многу шарени. Што се однесува до формата, тие можат да се најдат во облик на инка, но и целосно отворени.
За време на летните горештини треба да се полеваат до 2 пати на ден, по можност порано наутро, со дождовница или отстоена вода.
Можете да користите ѓубрива од калциум или фосфор за дохрана. Тие се чувствителни на растителни вошки, па затоа се препорачува навреме да обезбедите соодветна заштита и да им овозможите да цветаат што подолго.