Утре се одржува традиционалната Евровизиска забава во Скопје
Во организација на евровизискиот фан клуб ОГАЕ Македонија, утревечер 30 април, со почеток во 21:00 традиционално ќе се одржи Евровизиска забава за испраќање на македонската делегација и евровизиската претставничка Андреа во Торино.
На забавата во пресрет на евровизискиот натпревар, посетителите ќе уживаат во најголемите евровизиски хитови, победничките песни од изминатите години, како и песните на досегашните македонски претставници.
Настанот ќе се одржи во „Нано бар“ во Дебар Маало, а влезот за сите евровизиски фанови е бесплатен.