• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Живот

Знаете ли што е „Бесот на мама“

by РиД 28/04/2022 0 Comment
 Знаете ли што е „Бесот на мама“
фото:pixabay

„Бесот на мама“ е термин кој се појавил во модерната психологија, и служи за опишување на екстремниот бес што мајките го изразуваат во однос на нивните деца. Ако некогаш сте им викале на децата во еден момент, а во наредниот момент сте зажалиле – ова е текст за вас.

Што точно е „бесот на мама“?
Тоа се моментите кога чувствувате дека повеќе не можете да се контролирате, а сте биле испровоцирани од мали нешта направени од децата. Класичен пример е ситуација во која во еден момент се смешкате и појадувате и разговарате со постаро дете, а во друг сте во детската соба и му викате на вашиот петгодишен син затоа што одбил по петти пат одбива да носи блуза, затоа што не му се допаѓа. После овој излив на бес, наместо да почувствувате олеснување, се чувствувате крајно лошо, чувствувате дека сте потфрлиле и како личност и како мајка и се колнете дека тоа нема да се повтори. Но, погледнете: за неколку дена повторно сте во потполно истата ситуација.

Психолозите истакнуваат дека ова не е само бес. Бесот на мајката е всушност пробивање на негативни чувства кои не можеме да ги контролираме и кое е придружено со крајно бурна реакција, а потоа и чувство на вина. Зошто им се случува ова на мајките? Едноставно, мајчинството е тешко, многу потешко отколку што повеќето жени очекуваат и можат да издржат.

Зошто се појавува ?
Мајките се соочуваат со многу суштински промени, оние кои го превртуваат целиот свет. Повеќето од нив се сосема неочекувани и шокантни за мајката, во голема спротивност со нејзините очекувања и верувања создадени од нејзиното општество и инаку склони да презентираат идеализирана слика за непогрешлива мајка.

Жените се тие на кои им е всадена идејата за совршена мајка и сопруга, поради што најчесто ја доживуваат појавата на „мајчиниот бес“. Не признаваат дека не се во состојба да се справат со сите нови обврски и не бараат помош, бидејќи доколку се покаже дека не можат да ги исполнат очекувањата што си ги наметнале, би се чувствувале неуспешни. Упорно се трудат да се носат со многу обврски, сечии потреби ги ставаат пред своите и поради тоа постојано се под стрес. А кога сте под стрес и не сте ги исполниле најосновните човечки потреби за храна или сон, тешко е да ги контролирате емоциите. Затоа мајките експлодираат „за ситници“. Тоа не се ситници, велат психолозите, туку кулминација на долго потиснуваните потреби и незадоволство.

Победете го бесот
Психолозите препорачуваат три основни техники за борба против негативните чувства, а со тоа и нападите на она што станува познато како „гневот на мајката“. Во основа, доколку ниту една од предложените техники не ви одговара, доволно е да посегнете по некоја анти-стрес програма. Зашто, ерупциите на гнев не се ништо друго освен реакција на преоптоварување и насобрана напнатост.

Водете дневник
Колку и да ви изгледа наивно, водењето дневник ќе ви помогне да одредите кои емоции навистина ве мачат. По неколку недели водење дневник, ќе ви стане појасно што е навистина проблем за вас, а откако ќе се дефинира проблемот, многу полесно се решава. Психолозите препознаваат едно едноставно правило: колку повеќе сте свесни за вашите емоции и колку повеќе зборувате за нив, толку е помала веројатноста да почувствувате лутина. Дневникот е еден од начините да зборувате за вашите чувства.

Медитација
Не дозволувајте мислењето дека медитацијата е модерна привилегија за одредени личности, да ве одбие од оваа активност. Медитацијата е техника која докажано помага да се смирите, фокусирате и контролирате емоциите.

Задоволете ги вашите потреби
Не можете да контролирате сè што прават децата, но можете да ги контролирате вашите потреби. Ако сте уморни, организирајте го денот така што ќе си легнете порано, а ако проблемот ви е на работа, потрудете се да го решите што поскоро, дури и ако мора да запоставите некои обврски дома.

СУПЕР СОВЕТ:
Најефективното решение може да биде консултација со психолог. Тој ќе ви помогне да се справите со чувствата, да пронајдете рамнотежа и на тој начин да го ставите „маминиот бес“ под контрола.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 769

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: бес емоции мајка стрес
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат со редовна физичка активност

12:47 20 Nov 2023

Како правилно се полнат тестенините

12:35 20 Nov 2023

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете вистинскиот парфем

12:17 20 Nov 2023

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2025. All Right Reserved