Попладневното спиење е добро и за учениците, но и за родителите
Децата до предучилишна возраст, односно прво одделение имаат потреба од попладневна дремка, односно време кога после играњето и ручекот ќе се одморат. Но, спиењето попладне е и за учениците. Сигурни сме дека секој родител забележал како неговото пргаво, раздразливо мало дете се буди како – друго дете! И тоа е навистина точно, не само субјективно, туку се однесува и на постарите мали деца (да не зборуваме како тоа прави чуда и кај возрасните).
Попладневен одмор за учениците
Истражувањето спроведено на 3.000 ученици на возраст меѓу 10 и 12 години покажало дека оние кои спијат барем три пати неделно попладне се генерално посреќни, поспремни за работа и имаат поголема самоконтрола. Освен тоа, кај нив биле забележани помалку проблематични однесувања, а имале и поголем коефициент на интелигенција. Исто така докажано е дека нивниот успех на училиште бил подобар.
Спиењето во пракса
Заспивањето на седумгодишно дете попладне е всушност невозможна мисија. Ако е на училиште наутро, родителите не мора да го „пратат“ на спиење попладне, а ако е на училиште попладне, сонот му пропаднал.
Но, викендите се тука! Во сабота и недела, обидете се да ги користите утринските активности за да го изморите детето. Планинарење, возење велосипед или пешачење, потоа ручек и сите заедно во кревет. Искористете го викендот за спиење, но и за дружење за да се одмрите сите заедно по напорната недела.
Создадете ги предусловите
Ако сакате да го натерате вашиот ученик да спие попладне, нека го следи вашиот пример. По ручекот, одвојте време за мир во куќата или станот. Исклучете ги светлата, исклучете го телевизорот и оставете лесната музика да свири. Книгата веднаш ќе ве заспие по обилен ручек. Дозволете си час или два одмор за да можат сите членови на семејството да се одморат и освежат.