• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Бременост Сакам бебе

Како да знам дека породувањето започнува?

by РиД 05/04/2022 0 Comment
 Како да знам дека породувањето започнува?
фото: pixabuy

Почетокот на породувањето е означен со појава на вистински контракции (породување) и/или прскањена водењакот  и исцедување на плодовата вода.

Повеќето жени се прашуваат дали меѓу многуте показатели за приближување на породувањето (болки во грбот, лажни контракции, притисок од бебето) ќе можат да ги препознаат оние вистински контракции кои водат до породување. Сосема е сигурно дека ќе ги препознаете. Стануваат се посилни и почести, потешко ги издржувате  без разлика дали лежите, одите, седите. Тоа значи дека е време да се пријавите во болницата за породување.

Ако живеете во место каде што ви треба повеќе време за да стигнете до родилиштето, тргнете порано, за да не се породите во автомобил! Контракциите може да бидат придружени со слабо крварење помешано со мукозен секрет, што најчесто е знак за проширување и скратување на грлото на матката.

Се плашите дека водењакот ќе пукне на јавно место и ќе се посрамотите?

Кај повеќето жени, на прскањето на водењакот му претходат контракции, па увертирата со прскање ќе биде силна контракција на болка во пределот на стомакот и долниот дел на грбот, која нема да ве изненади, ниту пак ќе излезете во јавност во тој момент.

Тоа е релативно ретка ситуација во која водењакот прво пука, но доколку ви се случи вакво нешто на јавно место, не грижете се, сигурно во тој момент нема да размислувате за другите – ќе бидете преокупирани со мислата дека вашиот бебето конечно доаѓа!

Два часа по прскањето на водењакот, спонтано ќе настанат контракции.  Не треба да поминат повеќе од шест часа од моментот на прскање на водењакот до заминувањето во породилиште.

Што е слузав чеп?

Испаѓањето на  слузавиот чеп е еден од понепосредните знаци дека породувањето е многу блиску. Кога грлото на матката ќе почне да се шири и скратува, можно е да забележите мукозен исцедок, кој може да биде малку крвав, а изгледа како пообилен секрет. Доколку забележите дека излегува свежа крв, веднаш обратете се кај гинеколог. Не паничете. Вашето тело е создадено да го поднесе породувањето.

Еве неколку совети:

Ако е ноќ, а контракциите не се силни, обидете се да спиете. Зголемените контракции дефинитивно ќе ве разбудат и ќе имате време да одите во породилиште. Спијте мирно и верувајте дека никој досега не се породил во списење!

Во текот на денот можете слободно да пешачите, бидејќи во случај да започне породувањето, прошетката ќе ги интензивира и ќе ги продолжи контракциите.

Слободно истуширајте се. Ова ќе ви помогне да се опуштите.

Не јадете! Во случај породувањето да заврши со царски рез, полн стомак може да биде проблем поради можноста за повраќање и аспирација на желудечна содржина. Слободно можете да пиете вода.

Кога е време да се оди во родилиште?

Во родилиште упатете се кога:

– ќе забележите излив на вода, без разлика дали е придружено со појава на контракции или не;

– кога контракциите се редовни, се јавуваат на секои 10 минути или помалку и траат минимум 30 секунди;

– кога неколку контракции се толку силни што не можете да одите или да зборувате додека трае контракцијата.

Секако, секоја ситуација која отстапува од нормалниот почеток на породувањето (крварење со кој било интензитет, ако не го чувствувате вашето бебе во последните неколку часа, ако чувствувате несвестица, тинитус, гледате двојни слики, имате болки во горниот дел на стомакот) бара ВЕДНАШ да се јавите во родилиште.

  • 1
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 1,797

Share This:

  • 1
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: болки контракции породување
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат со редовна физичка активност

12:47 20 Nov 2023

Како правилно се полнат тестенините

12:35 20 Nov 2023

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете вистинскиот парфем

12:17 20 Nov 2023

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2025. All Right Reserved