• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Забава

Две нови книги за деца од македонската авторка Марија Костадиновска

by РиД 04/04/2022 0 Comment
 Две нови книги за деца од македонската авторка Марија Костадиновска
фото:литература.мк

Во издание на Литература.мк, на македонскиот книжевен пазар се најдоа две книги за деца –  „Волшебните прегратки“ и „Вистинска приказна за двете соседни кралства“ , од авторката марија Костадиновска.

„Волшебната приказна за двете соседни  кралства“ е приказна за кралицата Хана и кралот Фран, кои ќе ги изгубат своите кралства. Оттука е и првата порака и поука дека ништо не е вечно и трајно. За да ги вратат изгубените кралства ќе мораат да се потрудат. Илустраторката Александра Филипоска, освен за графичкото уредување на делото, е задолжена и за визуелното „оживување“ на ликовите во „Вистинска приказна за двете соседни кралства“.

Волшебните прегратки“ е приказна-метафора за среќата. За непроценливата детска среќа и за тоа како со малку може да се има сѐ ако се занемари (не)намерното негативно дејствување од возрасните. За купувањето на нематеријални нешта, за вредноста на желбите и соништата. За бујната фантазија и остриот ум на детето. Илустраторката на книгата Иванка НиБа потенцира дека инспирација за визуализација на книгите за деца црпи токму од цртежите на децата.

фото:приватна архива

Марија Костадиновска е е дипломец на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје на катедрата за македонски и јужнословенски книжевности. Со пишување почнува во студентските денови, а во последните неколку години пишува книжевност за деца. Костадиновска е професионален едриличар и говори англиски, шпански и грчки јазик, а во изминатите години живеела во Шпанија, Италија и на Флорида.

„Вистинска приказна за двете соседни кралства“ (2020) и Волшебните прегратки“ (2021) се нејзини први публикации. Тие станаа дел од програмата на студиите по детска литература на Филолошкиот факултет во Скопје.

Двете книги се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“ и за нарачување онлајн преку интернет-страницата http://www.literatura.mk.

  • 1
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 948

Share This:

  • 1
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: книги за деца македонски автори
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат со редовна физичка активност

12:47 20 Nov 2023

Како правилно се полнат тестенините

12:35 20 Nov 2023

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете вистинскиот парфем

12:17 20 Nov 2023

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2025. All Right Reserved