Колку долго смее да се чува храната во фрижидер?
Имате чувство дека премногу храна фрлате и се прашувате колку долго е препорачливо одредена храна и продукти да се чуваат во фрижидер? Еве листа која ќе ви помогне да заштедите пари и да си го олесните купувањето и складирањето на продукти.
Наведената листа е за чување продукти во фрижидер е одредена за температура отприлика 4-5 степени целзиусови, но треба да обрнете внимание и на тоа дека рокот на траење на храната и продуктите зависи од нивната свежина во моментот на купувањето.
Па така најдолго во фрижидер до шест месеци може да се чува неотворено пакување кашкавал, а путерот три месеци, додека маслинките и киселите краставички ќе бидат добри за јадење до еден месец.
Свежите јајца ќе ви траат три до пет недели. Сирењето ако е затворено во оригиналното пакување ќе издржи до еден месец, додека отворено најдобро е да го изедете во рок од две недели.
Варените јајца и обарена сланина фрлете ги после една недела во фриждер, додека по 3-5 дена истото сторете го со печено месо, тесто за леб, варена риба, компир пире, варено месо и варен сос.
Колку и да ви се чини мала разликата од само еден ден, после 2 до 3 дена не се за јадење – супи, варива, овошни пити или пита од тиква.
Свежата риба и месо ако не ги зготвите во рок од 1-2 дена, не помислувајте да ги замрзнете и оставите за друг пат. Фрлете ги бидејќи најлесно можете да се затруете.
Отворено шише вино се чува еден до два дена, а потоа веќе го губи вкусот и освен за готвење на некој сос, не ви препорачуваме да го пиете.