Смирете ги отечените очни капаци со домашни лекови
Отечените очни капаци се непријатни, прават да изгледате уморно и истоштено. За оваа непријатна ситуација, постојат многу домашни лекови со кои можете брзо и едноставно сами да си помогнете.
Кесички замрзнат зеленчук или коцки мраз
Секој кој завршил курс по прва помош или долго се занимавал со спорт, знае дека кесичка полна мраз го ублажува отокот. Исто е и со замрзнатиот зеленчук. Но, зошто токму замрзнат грашак е најдобар избор за „ладна“ терапија? Бидејќи овие зрна совршено се распоредуваат преку отечената зона. Значи, извадете од фрижидер кесичка од замрзнувач и ставете ја десеттина минути на работна површина (малку да се стопи), па ставете ја директно на лицето.
Вреќички чај
Ставањето филтер – кесички, кои претходно сте ги потопиле во ладна вода, на очните капац, ја смирува кожата. Освен што ладните облоги делуваат на ублажување на отокот, кофеинот ги собира крвните садови, поради што го повлекува црвенилото и отеченоста. Исто така, танинската киселина од чајот делува како астрингент (ја чисти кожата и ги намалува порите), привремено ја затегнува кожата. Сепак избегнувајте употреба на црн чај, особено англиски, бидејќи содржи материи кои ја иритираат кожата.
Краставица
Освен што има пријатен мирис и практичен облик, крукчињата свежа краствица делуваат смирувачки на кожата. Исечете краставица на тенки тркалца, држете ги десеттина минути во чинија со ледено ладна вода (ставете во нејзе неколку коцки мраз), а потоа ставете ги на очните капаци или целото лице.