Како да му помогнете на детето кога крвари од носот
Крварење од носот може да доживее секој, вклучувајќи ги и децата. Сепак оваа појава е почеста кај децата, бидејќи кај нив слузницата е потенка и крвните садови полесно се подложни на повреди. Како што ќе расте детето, така слузницата се зајакнува и после 12-та година станува доволно цврста па е помалку подложна на повреди.
За да се справите со крвавењето од носот кај децата, прво треба да ја знаете причината за тоа, а најчести причини се:
– Удар по носот, на пример затоа што детето паднало или се удрило по носот.
– Навика за прекумерно чепкање носот, кога детето се обидува да отстрани закоравен исцедок од внатре.
– Пикање разни предмети во носот, како што се зрна или други ситни играчки и други предмети кои предизвикуваат инфекција и крварење.
– Промени во времето, на пример, играње на жешкото сонце, престој во климатизирана просторија или промени во воздушниот притисок.
– Заразни болести, особено оние придружени со ненадејна висока температура.
– Крвни заболувања, како што се леукемија и хемофилија.
Кога ќе се случи да дојде до крварење од носот, еве што треба прво да направите:
– Смирете го детето и објаснете му дека не треба да се плаши.
– Кажете му да седне исправено и малку да се навали нанапред.
– Притиснете го носот на вашето дете веднаш над ноздрите, меѓу очите, а објаснете му на детето да дише преку уста. Вака држете пет минути.
Ако по 5 минути крварењето не престанува повторете ја постапката. Доколку и по 10 минути не престанува крварењето, тогаш сигурно не се работи за обично крварење од носот и мора веднаш детето да го однесете во болница.