Исчистете ја бањата брзо и ефикасно, без штетни хемикалии
Чистењето на бањата ретко кому му е омилена активност, туку едноставно е задолжителна обврска. Чистењето на плочките и сите инсталации во тоалетот може да трае со часови и да биде многу непријатно поради непријатни мириси, заглавени влакна во мијалникот и слични непријатни појави.
Хемикалиите кои се користат за оваа цел најчесто се со силен и непријатен мирис, а исто така може да предизвикаат иритација на кожата. Но, за среќа постојат снаодливи луѓе кои нашле поедноставни начини да ги завршат сите омразени домашни работи.
На пример, ако на тоалетната шолја ѝ е потребно длабоко чистење и сакате да го избегнете долгото, макотрпно и прилично гадно триење на нејзината внатрешност, само земете шише со средство за плакнење уста. Истурете една чаша од средството во тоалетната шолја и оставете ја да отстои најмалку половина час. Потоа, доволно е малку да ја истриете внатрешноста со помош на тоалетната четка и вашата тоалетна шолја ќе заблеска како нова.
Вообичаено алкохолниот оцет е совршен препарат кога станува збор за миење огледала. Едноставно измешајте го со малку ладна вода и ставете го во шише со распрскувач, па со овој раствор испрскајте го валканото огледало и избришете го со магична крпа, а дамките ќе исчезнат за миг. Освен што е поевтина, оваа домашна смеса е и поефикасна и не содржи штетни состојки, како што е амонијакот.
Отстранувањето на влакната заглавени во мијалникот или одводот може да биде напорно. Но, нема потреба веднаш да повикате водоводџија. За ефективно одзатнување, обидете се со мешавина од талог од кафе и детергент за садови. Овие две работи треба да ги измешате, да ги ставите во одводот и да ги прелиете со врела вода.
Оваа комбинација треба да ги отстрани сите постоечки запушувања во цевките.