Најубавите љубовни писма на сите времиња
Честитката напишана од Џони Кеш до неговата сопруга Џун Картер е прогласена за најубавото љубовно писмо на сите времиња.
Писмото е напишано во 1994 година, а „човекот во црно“ ѝ го честитал на сопругата 65-тиот роденден, и со него освои многу гласачи кои го бирале најубавото љубовно писмо.
„Среќен роденден, принцезо. Старееме и се навикнуваме еден на друг. Исто размислуваме. Си ги читаме мислите. Знаеме што сакаме без да биде поставено ниту едно прашање. Понекогаш стануваме малку нервозни. Понекогаш може да си земаме здраво за готово. Но, понекогаш, како денес, размислувам за сè и ми станува јасно колку сум среќен што го поминав животот со најдобрата жена што сум ја запознал. Сè уште ме фасцинираш и ме инспирираш. Твоето влијание ме прави подобар. Ти си предмет на моите желби и главната причина поради која постојам. Многу те сакам.
Среќен роденден, принцезо“ – Џон
Други писма кои влегле во потесниот круг се писмата од Винстон Черчил, Џон Китс, Ернест Хемингвеј и Бетовен.
Писмо од Винстон Черчил до неговата сопруга Клементина (1935)
„Драга моја Клеми, во твоето писмо од Мадрас напиша зборови што ме трогнаа, за тоа колку го збогатив твојот живот. Не можам да ти опишам колку ме усреќи, затоа што ако имаше љубовни сметки, ќе ти должев засекогаш“.
Писмо од Џон Китс до сосетката Фани Браун (1819)
„Не можам да постојам без тебе. Заборавам на сè друго и само сакам да те видам повторно. Мојот живот застанува во тој момент. Не гледам повеќе. Ме апсорбираше“.
Писмо од Ернест Хемингвеј до Марлен Дитрих (1951)
„Не можам да ти кажам дека секогаш кога ќе те прегрнам се чувствувам како да сум дома.“
Наполеон и Џозефина (1796)
„Откако те оставив, постојано сум во депресија. Мојата среќа е покрај тебе. Постојано ги оживувам сеќавањата на твоите допири, солзи, твојата грижа. Пламенот на шармот на неспоредливата Џозефина постојано гори и свети во моето срце “.
Ричард Бартон и Елизабет Тејлор (1964)
„Моите слепи очи постојано чекаат да те видат. Се разбира, не си свесни за тоа, ниту дека отсекогаш си била неверојатно убава и дека си стекнала посебен и опасен шарм на необичен начин“.
Кралот Хенри VIII и Ана Болејн (1527)
„Сакам да ги знам вашите намери во врска со нашата љубов. Морам да го добијам тој одговор затоа што сум ранет од стрелата на љубовта повеќе од една година и сè уште не знам дали ќе пропаднам или ќе најдам место во вашето срце“.
Писмото на Бетовен до мистериозната „бесмртна љубов“
„И додека лежам во креветот, моите мисли брзаат кон тебе, моја Бесмртна љубов, ваму-таму весело, а потоа повторно тажно, чекајќи Судбината да нè сослуша. Можам да живеам само со тебе или воопшто да не живеам без тебе “.
Писмо од Џералд Форд до Бети Форд, набргу откако ѝ бил дијагностициран рак на дојка (1974)
„Нема напишани зборови кои би можеле да ја изразат мојата длабока, длабока љубов. Знаеме колку си прекрасна и ние, децата и таткото, ќе се обидеме да бидеме силни како тебе. Нашата вера во тебе и во Бог ќе не одржува. Нашата заедничка љубов е вечна“.
Џими Хендрикс до својата „девојка“ (непознат датум)
„Среќата е во вас. Затоа, фрлете ги синџирите од срцето и пораснете како сладок цвет, што сте. Го знам одговорот, само раширете ги крилјата и бидете слободни“.