Лошата енергија во домот ја привлекуваат овие три нешта
Хармонијата и позитивната енергија се она што мора да владее со вашиот семеен дом. Во спротивно, не можете да очекувате среќа и радост меѓу членовите на вашето семејство. Oслободете се од овие три работи и само позитивна енергија и добри вибрации ќе се вселат во вашиот дом.
Валкани алишта во аголот на собата
Ова е една од првите работи на кои експертите за фенг шуи секогаш предупредуваат кога ќе го забележите во куќата. Можеби е најлесно да се фрли валкана облека на подот во аголот од собата, но треба да знаете дека таму тече и позитивна енергија од дома.
Во секое семејство треба да има простор каде ќе се чуваат валкани алишта за перење Најдобро е за оваа цел да имате посебна корпа за валкан веш во бањата, отколку валкани чорапи во аглите на собата.
Чевли наредени пред вратата
Без разлика пред која врата од домот се наредени, чевлите се вистински „енергетски правосмукалки“, особено ако се валкани. Чувајте ги затворени во внатрешноста на плакарот за чевли.
Куп стари весници, списанија и книги
Фрлете ги весниците во ѓубре или соберете ги некаде во оставата, па веднаш штом ќе ги прочитате дајте ги на рециклирање. Ако собирате списанија или книги, чувајте ги на полици, а не на подот или аголот од собата. Расфрлани низ просторот, овие предмети ќе донесат лоша енергија.