Со домашни маски до поубава и чиста кожа
За да ја освежите и подмладите кожата не значи дека веднаш треба да отидете на скап козметички третман. Постои поефтина варијанта, која можете да ја направите сама дома, а воедно ќе бидете сигурни дека користите природни препрати кои се благопријатни за вашата кожа.
1. Маска за подмладување
Во еден сад измешајте една лажичка сода бикарбона со свежо цеден сок од портокал. Мешајте да добиете густа смеса која во тенки слоеви ќе ја нанесете на лицето, вратот и деколтето. Оставете да делува 20 минути. Може да почувствувате благо скокоткање, не се грижете, тоа е знак дека маската делува. Можете ако сакате со кружни движења на врвовите од прстите да го измасирате лицето. По 20 минути измијте ја маската и нанесете хидрантна крема. По неколку недели редовно применување ќе забележите дека на кожата & се враќаат сјајот и енергија, а брчките се намалени. Тоа е благодарение на содата која го чисти лицето и портокалот кој ја обелува кожата и ги чисти порите.
Рамка
н. Пилинг од цимет и кафен шеќер
Измешајте 1/2 филџан кафеав шеќер со 1/4 лажичка цимет. Потоа полека додавајте 1/2 филџан маслиново масло и мешајте. Водете сметка да не ставите премногу масло, бидејќи треба да биде смесата густа. Овој пилинг можете да го користите за целото тело.