Ускладете ги очилата и карминот
Kога очите ќе ги сокриете со огромни очила за сонце, вашите усни ќе бидат во прв план. Затоа е важно нијансата на кармин за усни да ја ускладите со бојата на рамката од очилата. Некогаш дури кога немате време да се нашминкате целосно, доволно е да ставите очила и соодветен кармин, па да изгледате прекрасно
1. Префинет контраст
Ако имате очила со кафеава рамка, не користете темни кармини за да лицето не ви изгледа премногу мрачно. Напротив, комбинацијата мора да се освежи со некоја јака боја и мат текстура на крамин. Така ќе изгледате префинето и страстно во ист миг.
2. Очилата во прв план
Ако сакате очила со рамки во впечатливи бои, како што се виолетова и црвена, избегнувајте портокалов или силно црвен кармин. Наместо тоа користете кармини со нежни нијанси, во боја на слива или вински талог. Така ќе добиете суптилна, но ефектна комбинација.
3. Ефект на огледало
Црните големи рамки можат да го „проголтаат“ лицето. Затоа кога ги носите треба да избегнувате темни кармини поради кои лицето ќе делува уште помало. Во предвид доаѓат мат кармини во нежни бои, кои се одличен контраст и со стакла со ефект на огледало.
4. Во стилот на 70те
Тенки сребрени и проѕирни рамки се идеални за комбинирање бидејќи можете да користите кармини во разни бои и текстури. Софистициран изглед најлесно ќе постигнете ако на усните нанесете седефаст, црвен кармин.
5. Комбинација за смели
Црвената рамка делува младешки, но во комбинација со погрешен кармин може да изгледа кичесто. А тоа сигурно не е она кое сакате да го постигнете. Затоа изберете елегнатен кармин во боја на малинка или уште подобро транспарентен сјај за усни, за да добиете уште полежерен ефект.