Касерола со њоки
Состојки: 250 г мелено свинско месо, 250 г мелено јунешко месо, 1 сечкан кромид, 2 сечкани чешниња лук, 1 конзерва домати, 2 лажици оригано, 1 лажица паста од домати, 1 пакување свежи њоки, 6 парчиња моцарела, ½ лажица сечкан магдонос, сол
Приготвување
Во сад на малку масло пржете ги двата вида месо додека добијат убава кафеава боја, зачинете со сол. Потоа додајте го кромидот и продолжете со пржење додека стане стаклест. Додајте го лукот и гответе уште една минута. Додајте ги доматите, ориганото, пастата од домати и гответе околу 15 минути на средна температура со често мешање. За тоа време сварете ги њоките во голема количина посолена врела вода. Кога ќе испливаат на површина варете уште една минута, па извадете ги да се исцедат од водата. Ставете ги во подмачкан огноотпорен сад, додајте го сосот, па одозгора парчињата моцарела. Посипете со магдонос и печете 10 минути во загреана рерна. Сервирајте топло.