Модерни гумени чизми за дождливите денови
Модата секогаш изненадува, па така одамна отпишаните гумени чизми кои се носеа само за работа по дома, додека никој не гледа, денес се модерно парче кое можете да го носите секаде и со мини здолништа.
Дали ваквиот и сличен изглед е ин или аут, и колку се здрави за носење гумените чизми?
Kреаторите на уличната мода веќе исфрлаат нови и интересни модели гумени чизми во летна и зимска варијанта. Тоа значи дека и побарувачката е голема, одноно се моден хит кој мора да се има. Бои и дезени во пресрет на есента, има во изобилие, а судејќи по времето, ќе ни бидат омилено парче обувки.
Што се однесува до здравјето, ако сте цел ден во нив, ногата ќе ви се поти, бидејќи сепак станува збора за вештачки материјал во кој кожата не дише. Но уште поголема штета по здравјето е ако чевлите ви пропуштаат вода и нозете ви бидат долго време водени (што сепак нема да се случи во гумените чизми).
И уште една корист од гумените чизми за зима (се разбира оние со волнено крзно внатре), е дека со нив нема да се лизгате!
Ако сепак е сончев ден и своите гумени чизми ги носите поради мода, нека биде неколку часа, не баш цел ден.
И да, вашите модерни гумени чизми можат да бидат ниски, до глуждови, полувисоки и високи, со шарен дезен, црни, лакирани и секако може да имаат висока потпетица! Погледнете ја нашата галерија и изберете си свој фаворит!