Спанаќ со тиква и ориз
Состојки:
– една рака свеж млад спанаќ, две лажици ориз, портокалова тиква (парче со големина на дланка, јајце
Приготвување:
Во еден сад обарете го спанаќот и исцедете го (доволно е да се вари 3-5 минути). Во друг сад во малку вода сварете ги оризот и тиквата, па исечкајте ја нејзе на парченца. Јајцето сварете го одделено да бидете тврдо варено. Во еден сад изгмечете го оризот со поголем дел од оризот и тиквата, па додајте ја жолчката. По потреба можете да го изблендирате.
Совет – Рецептов е за бебиња од седум месеци и постари. Ако бебето нема пробано жолчка, ова здраво вкусно и шарено јадење е одлично и без нејзе, но со малку маслиново масло или путер. Исто така ако не е сезона на тиквите наместо нејзе може да се користи ситно сечкан обарен морков.
Рецептот е од Кулинарскиот дневник на бебето Марта
Напомена – текстовите и сликите се објавени со дозвола од авторката на книгата. Секое нивно преземање, копирање и повторно објавување во печатени и електронски медиуми не е дозволено, без претходна дозвола од авторката и од Порталот Родители и деца.