За здрави заби и повеќе насмевки
на кои низ практични примери, вежби и совети ќе се учи за улогата на здравата исхрана и правилната хигиена на забите во одржувањето на нивното здравје. Дел од содржината на овие работилници ќе бидат игри со пластелин, симулација на расипани заби и поправање, како и натпревар во миење заби.
Работилницата ќе се одржи во сабота 6септември, воградинката “Green house” (во Градскиот парк веднаш зад тениските игралишта „АБЦ“) во 10.30 часот и е поделена во два сегменти: првиот дел насочен кон децата и интерактивна работа со нив, додека вториот е посветен за родителите и нивните прашања и проблеми.
Дополнително, сите кои ќе бидат присутни на овие работилници ќе добијат ексклузивен едукативен материјал издаден за целите на проектот: Сликовница за деца „Забарот Дабар“ со практични совети наменети за родителите.
Овој проект е под водство на др. Ана Кртолица-Георгиев која своите студии ги завршува на Стоматолошкиот факултет во Љубљана, кадешто и професионално работи по дипломирањето.
Ги покануваме сите кои сакаат да научат повеќе за тоа како да ги сочуваат и одржуваат здрави забите на нивните деца да се пријават на нашата ФБ страница: Повеќе Насмевки.