• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Колку долго треба да чекате за да забремените, по царскиот

Дали децата родени по ИВФ се здрави како децата зачнати

Пилатес топка – најдобриот помошник на трудниците

Топ 5 прегледи за секоја жена

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Деца

Мајчино млеко прилагодено на полот од бебето

by РиД 24/08/2014 0 Comment
 Мајчино млеко прилагодено на полот од бебето

Научните истражувања од ден во ден ја потврдуваат динамичната природа на мајчиното млеко. Денес се‘ повеќе е познато дека составот на мајчино млеко се менува со тек на времето, прилагодувајќи се на потребите на доенчето кое расте.

Она кое денес е помалку познато е дека постои разлика во составот на мајчино млеко наменето за момчиња во однос на мајчиното млеко наменето за девојчиња.

Првата споредба на енергетските и хранливи состојки на млекото од мајките кои родиле машко и оние кои родиле женско бебе направена е во 2010 година над дваесет и пет здраво хранети мајки на доенчиња на возраст од 2 – 5 месеци и тоа 13 мајки на машки и 12 мајки на женски бебиња.

Според очекувањата, резултатите покажале дека и самата густина на мајчино млеко била значително различна, но она кое ги изненадило истражувачите се резултатите кои потврдуваат дека составот на мајчино млеко варира зависно од тоа дали новороденчето е машко или женско. Така во млекото на мајките на машки деца утврдена е поголема концентрација на енергија во однос на млекото кај мајките на женски деца. Кога ќе се погледне просечната консумација на мајчино млеко од 788 мл/ден, тоа значи дека машките доенчиња во просек добиваат скоро 200 кал/ден повеќе од женските доенчиња. Оваа разлика во содржината на калории е заснована на поголема содржина од протеини и масти, иако механизмот со кој полот влијае на составот на млекото не бил предмет на истражувањето во студијата.

Според научниците поголемата количина калории во мајчиното млеко за машки деца може да е поврзана со нивната повисока стапка на раст. Па така не е за изненадување и резултатот во студијата кој покажал дека машките доенчиња добивале повеќе на тежина од девојчињата, почнувајќи од раѓањето па понатаму. Научниците денес знаат дека содржината на протеини во мајчиното млеко на различни бебиња зависи од брзината на растот на нивното потомство. Односно поголемата содржина на енергија и протеини во мајчиното млеко за машки доенчиња е прилагодување на нивната генетска предодреденост за побрз раст. Така на крај може да се заклучи дека момчињата не се привилегирани кога е во прашање мајчиното млеко туку едноставно се хранат складно на нивните потреби, токму како и девојчињата.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 606

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: bebe doenje pol бебе доење пол
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Колку долго треба да чекате за да забремените, по царскиот рез

20:15 16 Mar 2026

Дали децата родени по ИВФ се здрави како децата зачнати природно: Што навистина вели науката

01:02 14 Mar 2026

Пилатес топка – најдобриот помошник на трудниците

00:10 14 Mar 2026

Топ 5 прегледи за секоја жена

22:24 13 Mar 2026

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2026. All Right Reserved