Родителството е доживотна одговорност
Добивањето бебе е еден од најемоционалните и фасцинантни моменти во животот. Почнуваш да си поставуваш многу прашања за иднината на твоето семејство.
Во Cryo Save, имаме желба и знаење да Ви помогнеме во тоа нудејќи ви можност да ги зачувате матичните клетки од крвта и ткивото од папочната врвца на Вашето бебе. Човековото тело се состои од повеќе од 200 типови зрели клетки. Без разлика дали тоа се клетките на срцевиот мускул кои ритмично отчукуваат или црвените крвни клетки кои го снабдуваат секој дел на телото со кислород, овие функционални клетки одигруваат единствена улога.
Матичните клетки се различни но не и помалку значајни. Тие можат :
– да се размножуваат
– да се специјализираат за извршување специфични функции
– да создадат ново ткиво кога се делат и диференцираат
Матичните клетки се скапоцени бидејќи имаат способност да се развијат во различни видови на клетки во човековото тело. Овој уникатен процес на специјализација е основата на изградба на нашиот комплексен организам. Некои од овие матични клетки остануваат во нашето тело како “резерва” и играат клучна улога при регенерација во случај на оштетено или остарено ткиво.
Денеска повеќе од 70 болести се третираат со матични клетки.