• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Живот

Нашето семејство без телевизор

by РиД 24/10/2010 0 Comment
 Нашето семејство без телевизор

Пред три седмици нашиот телевизор се расипа. Со оглед дека неколку години го имаше почесното среднишно место во нашата дневна соба, очекувано беше дека откако ќе го поправиме, да се врати на своето место. Но наместо тоа, решивме да го отстраниме и се надевам засекогаш го отстранивме од собата која е наменета за дружење, а не за ѕверење во телевизорот. На почетокот наидов на неодобрување, не од страна на децата од кои тоа најмногу го очекував, туку од страна на сопругот. Но со оглед дека во куќата постои уште еден телевизор (оној во гостинската соба) немаше излез. За да бидам сигурна дека телевизорот по некое време нема да се врати на своето место, на негово место ставив нови полици на кои сега се наредени нашите семејни фотографии.

Кои се последиците за нашето семејство?

• Имаме повеќе време едни за други.

• Се слушаме едни со други без позадински шумови и одвлекување на вниманието.

• Утрата се помирни со лесна музика.

• Децата побрзо се спремаат за одење во градина и училиште, бидејќи појадокот го јадат во мир, а не гледајќи во цртани филмови.

• Со оглед дека нема гледање ТВ серии и одењето на спиење е побрзо.

• Наместо гледање цртани по бањање, си играме (речиси секој ден тука е неодминливата игра криенка во темница) и сите заедно читаме.

• Слушаме музика и танцуваме.

• Забележувам се помалку конфликти меѓу децата и се помалку од цртаните научено агресивно однесување.

• Децата се покреативни, слободното време го користат за игра и забава на за многумина заборавен начин.

Со оглед дека во куќата има уште еден телевизор, не сме без омилените цртани или филмови. Само што нивното гледање е ограничено за викенд, ограничен е изборот на цртани филмови ( ги гледаме оние најдобрите, најмалку агресивните, едукативните, а децата ги обожаваат документарците за животните) и ограничено е времето потрошено пред телевизорот.

Се на се, моја препорака за сите е – тргнете го телевизорот од просторијата во која се дружите. Тргнете го од спалните соби, особено детстките. Дружете се, слушајте ги своите деца и играјте си со нив.

Преземено

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 417

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: semejstvo televizor семејство телевизор
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат со редовна физичка активност

12:47 20 Nov 2023

Како правилно се полнат тестенините

12:35 20 Nov 2023

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете вистинскиот парфем

12:17 20 Nov 2023

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2025. All Right Reserved