• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Здрави навики кои ќе ве одржат млади засекогаш

Ако се мачите со алергии, еве кои миленичиња се соодветни

Патувањето со деца на одмор може да биде забавно

Дали вашата влезна врата треба да биде посветла или потемна

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Убавина

„Тритекс“ бутик во ТЦ Рамстор

by РиД 05/03/2014 0 Comment
 „Тритекс“ бутик во ТЦ Рамстор

Македонската текстилна компанија, специјализирана за производство на долна облека- „Тритекс“ од Прилеп, од денес (5 март среда) отвори бутик во трговскиот центар „Рамстор“ во Скопје.

Во брендираната продавница ќе се продава памучна машка, женска, детска и бебешка долна облека произведена во фабриката во Прилеп.

Оваа компанија постои од 1994 година, и веќе 20 години поголемиот дел од своето производство успешно го извезува на пазарите во Европската Унија, а само дел од производите ги пласира и на домашниот пазар.

Тенденција на менаџментот на компанијата е промена на тој сооднос во иднина. Како резултат на долгогодишното искуство во текстилната индустрија и усовршување на квалитетот според највисоките стандарди, сметаат дека конечно е дојден погодниот момент за нивно посериозно претставување на домашниот пазар.

Оттука и идејата за сопствен брендиран бутик во центарот на Скопје.
– По 20 годишно успешно и квалитетно работење на странските пазари, реално е да го насочиме нашето внимание и кон домашните купувачи. Колку ќе ни значи успехот надвор ако дома не не‘ вреднуваат? Отворивме наша брендирана продавница во Прилеп и сега ја отвораме првата наша продавница за граѓаните на Скопје. На овој начин, ќе ги презентираме нашите производи и нивниот квалитет и уште повеќе ќе се доближиме до македонскиот купувач. Веруваме во она што им го нудиме на македонските семејства, и затоа нашиот план за проширување нема да застане тука – вели Дејан Наумоски, претставник на менаџментот на компанијата.

Производите на Тритекс преку големопродажба се пласираат низ цела Македонија, и истите и понатаму ќе бидат достапни во неколкуте трговски ланци за конфекција и бутици, кадешто можеа да се најдат и досега.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 511

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат со редовна физичка активност

12:47 20 Nov 2023

Како правилно се полнат тестенините

12:35 20 Nov 2023

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете вистинскиот парфем

12:17 20 Nov 2023

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во 17 училишта лидери во неформалното образование

22:36 05 Sep 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2025. All Right Reserved