4 рани симптоми за бременост
Зголемена базална температура, отоци и чувствителност на градите, лесно крварење и замор можат да се знаци за бременост.
Изостанувањето на циклусот најчесто се смета за првиот знак за бременост. Но ако жената знае да ги следи знаците на своето тело, таа може да забележи симптоми на бременост по една недела од зачнувањето. Тие суптилни знаци најчесто се толкуваат погрешно и се препишуваат на предменструален синдром.
Според научниците женската телесна базална темпетарутра се зголемува при овулација. Но ако вашата температура остане зголемена и по датумот кој требал да биде почеток на вашиот следен менструален циклус, најверојатно сте бремени. Сепак во некои случаи промената на базалната температура може да изнесува само една десеттина од степенот, па поради тоа се препорачува да ја мерите секој ден во исто време.
Дамката крв која е продукт на имплантацијата се појавува шест до 12 дена од зачнувањето кога ембрионот ќе се „вкопа“ во ѕидот од матката. Во некои случаи имплантациското крварење погрешно се смета за менструација, бидејќи се појавува отприлика во исто време како и редовниот месечен циклус. Имплантациското крварење обично е со посветла боја и не е обилно како менструалното.
Специјалистите за бременост тврдат дека една недела по зачнувањето се јавува оток и чувствителност на градите. Поради тоа, некои жени можат да забележат потемнување на брадавиците. Во повеќето случаи, градите се „полни“ и „тешки“.
Заморот е симптом на бременост кој обично се појавува во рок од една недела по зачнувањето. Важно е да се утврди дали заморот е предизвикан од некои други причини, како болест или стрес, пред да заклучите дека сте уморни оти сте бремени.