Готови и полуготови производи кои треба да ги избегнувате
Полуготовата храна има предност особено за луѓето кои се вработени, бидејќи го скратува потребното време за готвење. Освен тоа често се продава по ниски цени и тешко е да се одолее а да не се проба.
Сепак мора да се запрашате дали навистина сето тоа вреди, ако е штетно за здравјето. Најчесто овие производи се со низок процент на нутриенти, особено микронутриенти како антиоксиданси и витамини, додека се богати со калории. Некои содржат и навистина штетни состојки. Да се елиминира целосно ваквата храна можеби е тешко, но сепак потрудете се да ги избегнувате барем оние најлошите видови полуготова храна.
Залачиња од пилешко (nuggets) – исто како виршлите така и овие се совршена индустријализирана храна. Иако мислите дека во најголем процент се составени од протеини сепак тие, особено најпознатите McNuggets, содржат 50% масти и повеќе јаглехидрати од протеини. Имајте во предвид дека тие јаглехидрати се направени од најнездравите извори. Повеќето залачиња од пилешко се пржени во масло, кое содржи транс масти кои се виновни за деформирање на клетките и предизвикуваат метаболички болести како дијабетес тип 2. Оваа храна исто така содржи нездрави адитиви како MSG и TBHQ.
Газирани сокови – нема ништо хранливо во нив освен празни калории. Покрај тоа голем дел од нив содржат состојки кои можат да ви наштетат како високо фруктозен сируп од пченка (HFCS) како засладувач, кој е полош и од шеќерот (исто така застапен во соковите), бидјеќи го оштетува црниот дроб. Ваквите пијалоци се број еден виновници за проблемот со дебелина кај младите во САД. Газираните сокови кога ќе се внесат во организмот предизвикуваат киселост односно телесната пХ од алкална ја претвораат во кисела и со тоа помагаат да се создаде совршена средина за развој на клетките од рак, а во најлесен случај за развој на вирусни и бактериски заболувања, бидејќи го ослабнуваат имуниот систем.
Виршли и други месни преработки – овие производи соджат видок процент сол, MSG, содиум нитрат и други конзерваси, вештачки вкусови, ефтини додатоци и механичко одвоено месо и изнутрици. Многу луѓе не сфаќаат дека механички сепарираното месо се произведува под екстремно висок притисок и со тоа се губи голем дел од неговата хранлива вредност.
Готови колачи, торти, мафини и грицки – освен високото ниво на шеќер и сол, овие производи содржат и транс масти кои се додават само затоа што се поефтини од здравите масти, а тоа ги прави ефтини крајните продукти. Исто така транс мастите се додаваат за да се продолжи рокот на траење и да се подобри текстурата. Впрочем постојат цели лаборатории кои се занимаваат со истражување како да се додаваат овие транс масти во други продукти за да се постигне совршена текстура. За да откриете дали производот ги содржи штетните масти, само свртете го пакувањето (најдобро кутијата ако доаѓаат запакувани одделно) и побарајте дали пишува „хидрогенизирани„ или „делумно хидрогенизирани“. Ако ги има овие зборови со сигурност содржи такви масти.
Популарните цералии – сакате да знаете зошто ваквите видови храна се „збогатени„ со витамини и минерали? Причината е што во спротивно ќе се толку нутритивно сиромашни, што никој нема да ги купува. Збогатени значли дека витамините се вештачки додадени во тек на преработувањето. Тоа не е ништо подобро од земање вештачки витамини, односно станува збор за многу лош квалитет на витамините. На пример во збогатените цералии се додава таква форма на витамин Д која не е лесно да се обработи во човечкото тело. Голем дел од цералиите се полни со шеќери или полошо – високо фруктозен сируп од пченка . Ако содржат пченка, а најголем дел ја содржат, тогаш бидете сигурни дека таа е генетски модифицирана (ГМО) бидејќи овој тип пченка е најефтин и со тоа се зголемува профитот. Ваквата пченка предизвикува тумор.
Гранола плочки – можеби сте изненадени што ги читате овие производи на листава, но овие продукти се вистинска измама. Тие најчесто се означуваат како посебно здрава храна, а всушност се обратното. Често и родителите се убедени дека нивните деца јадат супер вкусна, здрава храна, а не се свесни дека тоа е исто како да јадат и мало чоколадо. Без разлика што гледате во рекламите или на пакувањата, гранола плочките содржат високо фруктозен сируп од пченка. Ако не верувате во ова, побарајте во продавница една кутија гранола плочки на кои ја нема оваа состојка. Некои производители ставаат мала количина јаворов сируп или мед колку за вкус, но главната состојка за засладување е токму пченкарниот сируп. Понекогаш се и богати со масти, вклучувајќи ги транс мастите и многу натриум.
Полуготови додатоци и преливи за салати – најчеста состојка е високо фруктозниот сируп од пченка, бидејќи е ефтин и им дозволува на производителите да додадат многу други ефтини состојки за да го подобрат вкусот за малку пари. Исто така содржат транс масти и многу адитиви како MSG. И додека мислите дека ја збогатувате салатата со вкусен готов прелив, всушност и најздравата зелена салата можете за миг да ја претворите во нездрава храна. Единствен начин да бидете сигурни дека се храните здраво е сами да си направите прелив за салата , бидејќи така можете да контролирате кои состојки ќе ги искористите. Домашно приготвените преливи можат да стојат во фрижидер најмногу една недела.
И за крај, ако не можете сосема да ги исфрлите готовите и полуготовите производи, тогаш максимално редуцирајте го нивното користење. Секако важно е при купување на производите да ги читате белешките на пакувањето за состојките од кои се направени, а не само што пишува на рекламите или пак на предната страна од пакувањето.