Мајка по втор пат
Ова е нејзино второ дете, а прво на францускиот актер Оливие Мартинез.
Хали Бери ја има петгодишната ќерка Нала од врската со поранешниот партнер, канадскиот манекен Габриел Обри. Двајцата водеа жестока судска битка за старателство над детето минатата 2012 година.
Синот, пак, е прво дете за Мартинез, кој се венча со Бери во јули годинава. Двајцата актери на 47-годишна возраст се запознаа на снимањето на филмот „Dark Tide” во 2010 година.
Хали Бери влезе во филмската историја затоа што стана првата црна актерка која освои „оскар“ во категоријата најдображенска улога, во 2002 година за филмот „Бал на чудовишта“.