Пица леб
Состојки: 2 чешниња лук, 4 лажици путер, домашно тесто за пица, 2 топки моцарела, салама по избор, сос од домати за послужување
Приготвување:
Во еден мал сад ставете го исечканиот лук заедно со путерот и загревајте го додека почне лукот да станува кафеав. Тргнете го садот од оган и оставете го на страна. Со ова масло премачкајте ја внатрешноста на сад за куглоф. Извадете го тестото од садот во кој сте го замесиле и кинете средно големи топчиња. Во секое ставете парче салама, и малку моцарела. Затворајте ги топчињата, премачкајте ги со путерот со лук и редете ги во садот за куглоф. Продолжете додека ги потрошите состојките. Нека стасува 30 минути. Загрејте ја рерната на 200 степени и ставете да се пече 35 минути или додека добие убава кафеава боја. Тргнете го садот од рерна и оставете го да се лади 10 минути, потоа превртете го на чинија и послужете го со сосот од домати.