Италијански дизајн за поубав дом
Започна голема акција во продавниците на Coincasa во Скопје – на производите наменети за кујна, спална соба, бања, градина, како и на уникатните парчиња на мебел кои имаат попуст до 70%. „Станува збор за познат италијански бренд, чиишто производи се уникатни по својот квалитет, изглед. Специфика на овие производи е интересниот и софистицираниот стил и дизајн. Ако сакате да бидете во тренд во делот декорација и дизајн ова е вистинското место за вас“, изјави Марија Ристовска, маркетинг менаџерот на Coincasa.
Според Ристовска, уредувањето на домот со овие производи е пред се за жените кои се стремат да имаат различен и карактеристичен дом.
„Кога се уредува домот се внесува многу свои елементи. Во Coincasa се нуди токму таа единственост. Први сме со поставувањето на трендови, а го задржуваме италијанскиот дизјан на комбинациите на производите чиј спектар на бои во оваа колекција се заснова на белата боја. Секој што ќе посака промена на својот дом сега е вистинско време да го стори тоа“, изјави Ристовска.
Оваа акција на Coincasa ќе трае се додека има залихи на производите. Продавниците на Coincasa се наоѓаат во Сити Галери и на ул. Скупи 12 – наспроти Систина.
ПР текст