• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Колку долго треба да чекате за да забремените, по царскиот

Дали децата родени по ИВФ се здрави како децата зачнати

Пилатес топка – најдобриот помошник на трудниците

Топ 5 прегледи за секоја жена

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Деца

Проблеми на едно предвреме родено бебе….

by РиД 07/02/2022 0 Comment
 Проблеми на едно предвреме родено бебе….

Сите родители кои очекуваат нивното бебе да се роди пред одредениот термин се прашуваат само едно: дали и какви здравствени проблеми ќе има нивното дете? Сите предвреме  родени бебиња, не се целосно развиени како навреме (термински) породените новороденчиња.Тоа е и главната причина зошто овие новороденчиња имаат зголемен ризик за развој на здравствени проблеми. Самото предвремено породување е стрес, а бидејќи органите на предвреме родените деца не се потполно доразвиени, животот надвор од матката им предизвикува многу тешкотии.Тие проблеми обично завршуваат во оној временски рок кога бебето требало да се роди или нешто пократко.

Респираторен  дистрес синдром(РДС) или отежнато дишење поради незрелост на белите дробови е најчестиот проблем кај предвреме родените бебиња. Така е бидејќи дишењето после породување многу се разликува од тоа во матката. Најчеста причина е недостаток на течната материја позната како сурфанктат која овозможува алвеолите. т.е белодробните меурчиња на бебето да останат отворени и во моментот на издишување. Ако не е така, алвеолите ќе се залепат, нема да има размена на гасови (кислород-јаглероден диоксид) и дишењето ќе стане многу тешко, дури и невозможно. Во ваква ситуација бебето вложува голем напор да дише и остане живо. Но, поради незрелоста неговиот организам брзо се исцрпува и дишењето престанува.

Со воведување на скапиот препарат во терапија на РДС-Curosurf(surfanktant) проблемот во голема мера се надмина.

Грижата и терапијата за овие деца после породување ја вршат искусни педијатри-неонатолози, а таа е посебно тешка и бара огромно знаење и стрпливост. Се изведува во специјални Оделенија за Интензивна Нега и Терапија на Новороденчиња , со помош на специјални машини за механичка вентилација.

Втор многу  важен проблем е  Ретинопатијата на недоносените(ROP). Тоа е болест на мрежницата т.е ретината од окото, поради пореметен развој на крвните садови. Колку е детето помало толку е можноста за ова заболување поголема. Ретинопатијата на прематуритетот има повеќе стадиуми и во најголем број на случаи поминува сама по себе (самоорганизирачка болест) и нема потреба од никакво лечење. Во потешките стадиуми има потреба од третман, со што би се спречило дополнително влошување и појава на слепило. Колку порано се дијгностицира,толку подобро.

Затоа се потребни редовни прегледи на очите кај предвреме родените дечиња од страна на офталмолог. Посебно е важно  да нагласиме дека најдобра превенција на ретинопатијата  е превенцијата на предвременото породување.

Во светот дневно се раѓаат 1-1,5% мали недоносени бебиња (помали од 32 гестациска недела) кои се со голем ризик за развој на оваа потенцијално опасна болест. Соодветниот третман после породувањето, како и избегнувањето на прекумерната употреба на кислород во голема мера ја намалува честотата на тешките облици од болеста. Доколку се појават, тие се лекуваат пред се со помош на ласерски третман (ласерска фотокоагулација на ретината). Вака се спречува појава на слепило кај повеќе од половина предвреме родени бебиња.

Кај најтешките облици се изведуваат сложени оперативни постапки.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 652

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Колку долго треба да чекате за да забремените, по царскиот рез

20:15 16 Mar 2026

Дали децата родени по ИВФ се здрави како децата зачнати природно: Што навистина вели науката

01:02 14 Mar 2026

Пилатес топка – најдобриот помошник на трудниците

00:10 14 Mar 2026

Топ 5 прегледи за секоја жена

22:24 13 Mar 2026

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2026. All Right Reserved