• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Колку долго треба да чекате за да забремените, по царскиот

Дали децата родени по ИВФ се здрави како децата зачнати

Пилатес топка – најдобриот помошник на трудниците

Топ 5 прегледи за секоја жена

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Дом

5 растенија кои ќе ви помогнат да го освежите домот

by РиД 17/05/2023 0 Comment
 5 растенија кои ќе ви помогнат да го освежите домот
фото:pexels

Користењето на клима-уредот во лето може да ве чини цело богатство. Но, тука се домашните растенија да ни помогнат. Кога растенијата се “потат” тие всушност се ладат себеси, но и воздухот околу себе. Овој процес е наречен транспирација. Преку корењата, растенијата ја земаат потребната количина вода, а дел од неа ја испуштаат преку порите на листовите. Со испарувањето на оваа вода, растенијата го разладуваат околниот воздух.

фото:pexels
  1. Sanseveria (свекрвин јазик)

Поради својата висока содржина на вода, ослободува ладна влага во воздухот како и одредена количина кислород, со што добиваме посвеж воздух во текот на летото. Овој прекрасен сукулент е познат и по тоа што успешно ги отстранува токсините од воздухот, како што се бензенот и формалдехидот.

фото:pexels
  1. Фикус

Колку се поголеми и позелени листовите на растението, толку повеќе влага испушта во воздухот. Сите видови на фикусот ја имаат оваа можност, и затоа се одлични растенија за разладување на домот.

фото:pexels
  1. Бенџамин

Ова е едно од ретките дрва кое добро опстојува во затворен простор. За посвеж воздх, одлучете се за дрво со високо стебло и разгранета крошна. Чувајте го бенџаминот на добро осветлено место за да може да впие доволно сончева светлина.

фото:pexels
  1. Aglaonema

Ова е уште едно растение кое е добро познато по својата способност да ги прочистува токсините од воздухот. Има голем степен на транспирација со што успешно го навлажнува околниот воздух. Најдобро е ваквите растенија да ги групирате на одреден простор, за да можат да создадат свој екосистем и да ја подобрат влажноста на воздухот.

фото:pexels
  1. Палма

Зелените листови на палмите и папратите имаат мали пори преку кои внесуваат CO2 во растението, а ослободуваат кислород. Палмите во домот се раскошни и прекрасни за гледање, но исто така создаваат ефект на дождовна шума во затворен простор. Тоа е совршен начин да додадете тропско чувство на свежина во домот во текот на летните месеци.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 1,211

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: бенџамин палма фикус цвеќе
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Колку долго треба да чекате за да забремените, по царскиот рез

20:15 16 Mar 2026

Дали децата родени по ИВФ се здрави како децата зачнати природно: Што навистина вели науката

01:02 14 Mar 2026

Пилатес топка – најдобриот помошник на трудниците

00:10 14 Mar 2026

Топ 5 прегледи за секоја жена

22:24 13 Mar 2026

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2026. All Right Reserved