• Маркетинг
  • Форум
  • За нас
Родители и деца Родители и деца

Актуелно

Колку долго треба да чекате за да забремените, по царскиот

Дали децата родени по ИВФ се здрави како децата зачнати

Пилатес топка – најдобриот помошник на трудниците

Топ 5 прегледи за секоја жена

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да

Деформитетите на рбетниот столб кај децата можат да се спречат

Како правилно се полнат тестенините

Едноставно романтично-модната креаторка Вера Вонг советува како да го изберете

10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – почна уписот во

Тиквички – незаменливи се во салати, готвени јадења или десерти

Родители и деца Родители и деца
  • Почетна
  • РИД
  • ДЕЦА
  • Сакам бебе
    • Бременост
    • Забременување
  • Љубов
  • Убавина
  • Дом
  • Кујна
  • Живот
  • Забава
  • Шопинг
    • За Родители
    • За Деца
      • Школо
      • Облека
      • Играчки
      • Забава
    • За Бебиња
      • Облека
      • Играчки
      • Опрема
    • За Дома
Љубов

5 јасни знаци дека сте во врска со емоционален психопат

by РиД 07/06/2022 0 Comment
 5 јасни знаци дека сте во врска со емоционален психопат
фото: pixabay

Луѓето се во право кога велат дека љубовта е слепа. Од силна љубов и верување дека сте во идеална врска, се случува да не видите со кого сте ја започнале врската. Вашиот партнер знае како да го искористи ова и да ве сврти околу малиот прст.
Може да трае и да се интензивира со текот на времето, без воопшто да го забележите. На крајот, колабирате кога ќе сфатите дека вашата сакана личност емотивно ве злоупотребува и сè покрива со сладок разговор и нежности.

Емоционалните психопати не изгледаат злобно на прв поглед. Полни се со шарм, а всушност лесно ќе ве контролираат како што им одговара. Инстинктивно ќе почувствувате дека неговото однесување не е правилно. Идентификувајте ги навреме ваквите луѓе со овие 5 знаци и навреме спречете манипулации:

1. Ти си главниот виновник за сè што се случува

Не помислувајте ни за секунда дека тие можат да бидат глупави и наивни. Емотивниот психопат точно знае што прави и кога греши, но никогаш нема да го признае тоа. Ниту во лудило. Наместо тоа, тие ќе ве обвинат дека сте направиле грешка и дека сте извор на проблемот. Сè е ваша вина и тука завршува приказната.

2. Тие се големи  лажговци  и  глумци

Тие не лажат само за работи кои директно влијаат на вашиот живот. Лажат за сè и нема да трепнат. Упорно ќе измислуваат и кажуваат невистинити приказни за да ве измамат и да ве искористат како што им одговара. Многумина стануваат жртви и нивните искрени и силни чувства не им дозволуваат да сфатат што е реалност, а што е бајка.

3. Поради тебе не можам да успеам

Ќе ве убедат дека вие сте виновни за сите нивни неуспеси и дека тие се големите жртви на несреќата што ја предизвикавте. Секој пат кога ќе заглават некаде, вие ќе бидете пречката што застанала на патот. И сето тоа го прават од чиста корист, бидејќи им се важни само нивните чувства.

4. Вашите чувства  и емоционален статус апсолутно не им се важни

За луѓето кои гледаат само во себе, туѓите чувства се исто толку важни како дрво што паѓа среде шума во Парагвај. Вие сте нивна совршена жртва, лабилна и подложна на нивните влијанија. Ќе ви биде тешко да излезете од ваква врска. Посебно кога поминало толку време што целосно се збунувате и го губите чувството за тоа што е навистина нормално.

5. Забрането е дружење со други луѓе

Не доаѓа предвид да се појавите во јавноста сама без него. Заборавете одење на кафе или во диско со пријателите. Интеракцијата со остатокот од светот е строго забранета, така што психопатот има уште поголема контрола над вас.

Ќе се случи да ве убеди дека без него не можете да преживеете ниту еден момент од животот. Без него не можете да дишете и да функционирате.

Не дозволувајте да губите драгоцено време со вакви луѓе. Отворете ги очите и побарајте помош на време. Борете се за вашите права и не дозволувајте некој да си игра со вашиот живот во ваша корист.

Ослободете се од ваквата личност и дајте му шанса на некој кој безусловно ќе ве цени и сака, бидејќи искреноста и меѓусебната поддршка се клучот за здрава и нормална врска.

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Post Views: 1,233

Share This:

  • 0
    Facebook
  • 0
    Facebook-messenger
  • 0
    Email
Tags: емоции љубовна врска психопат
Previous post
Next post

РиД

administrator

Последни објави

Колку долго треба да чекате за да забремените, по царскиот рез

20:15 16 Mar 2026

Дали децата родени по ИВФ се здрави како децата зачнати природно: Што навистина вели науката

01:02 14 Mar 2026

Пилатес топка – најдобриот помошник на трудниците

00:10 14 Mar 2026

Топ 5 прегледи за секоја жена

22:24 13 Mar 2026

Шакира ќе плати казна од 7,5 милиони евра за да не оди во затвор

13:46 20 Nov 2023

Родители и деца Родители и деца

Родители и деца е првиот македонски семеен портал наменет за сите родители и оние кои сакаат да станат родители.

[email protected]
[email protected]

Пребарувај по категории

Categories
Љубов Без категорија Бременост Деца Дом Живот За Деца Забава Забава Забременување Кујна РИД Сакам бебе Статии Убавина Школо Шопинг

Корисни линкови

За нас
Маркетинг
Импресум
Контакт
Форум Архива

Последни објави

Бременост

Што се случува со

Деца

Што се мери со

Дом

Што се афлатоксини?

Copyright 2026. All Right Reserved