Организираната перална ќе ви ја олесни најтешката обврска
Задолжителна обврска во неделата е кога морате да ја перете облеката–што е мора да признаете е малку досадна работа. За да си ја олесните оваа напорна работа потребно ви е место- перална каде што убаво ќе се чувствувате. Една функционална перална не само што треба да е опремена со апарати лесни за употреба и соодветен пулт за сортирање и преклопување на облеката, туку треба да има и организиран простор за складирање на сите хемикалии, кои воедно ќе обезбедат и заштита на децата.
Еден од омилените делови за складирање во пералната се полиците. Без разлика дали се високо или ниско поставени, затворени или отворени, најдобрите идеи за полици за перење комбинираат стил и пристапност.
-Направете си свои полици, ако немате доволно простор или буџет за професионално изработени полици, одлучете се за маса која лесно се поставува и ќе ви служи како простор за диплење на облеката.
-Искористете го секој сантиметар затоа што нема ништо полошо од празен ѕид. Играјте „тетрис“ со вашиот простор и изградете си место за сè што треба да складирате.
-За да спречите отворените полици да изгледаат преполни и хаотични, направете план какви корпички ви се потребни за да го пополните просторот, а воедно да му дадете посебен дизајн и колорит.
-Ако просторот ви дозволува, одлучете се за повеќенаменска комбинирана полица и шипка со закачалки за да ја чувате облеката и разните постелнини на едно место, пред да ги испеглате.
-Наместо да ја отворате и затворате вратата од плакарчето секогаш кога ќе треба да ја фрлите кошулата за перење или да стигнете до детергентот, направете неколку полици без вратички.
-Со поставување на полици од двете страни на машината за перење и сушење, средствата кои ви се неопходни за перење ќе ви бидат лесно достапни, наместо постојано да барате нешто кога ќе ви притреба.
-Дел од просторијата можете да го пренамените во затворен шкаф, но поставете неколку отворени полици за брзо земање предмети кои често ги користите.